«

»

Jan 31

Трибина за квалитетот на медот во општина Новаци

Трибина за квалитетот на медот се одржа во просториите на општина Новаци организирана од еколошкото друштво Кајмакчалан и пчеларската задруга Нерктар, во соработка со двајца експерти од Италија и македонското министерство за земјоделие.

„ Општина Новаци е рурална општина и главно занимање на нашите жители е земјоделството. Оттаму секогаш ќе ги поддржуваме ваквите и слични работилници и трибини се со цел да им ги олесниме проблемите на земјоделците, да им помогнеме, да остварат контакти со домашни и странски соработници и сл.“ рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

На трибината се дискутираше за актуелните проблеми во пчеларството во Македонија, производството на квалитетен мед, заштитата на пчелните семејства и органското производство .

„На денешната трибина присутни се двајца експерти од Италија Марко Пелегрини кој е државен службеник во министерство за земјоделие на Р Италија и Албино Галина – од Национален референтен центар на Италија. Тие се занимаваат со проблематиката за квалитетот на медот. Откако ќе ги ислушаат нашите проблеми и препораки ќе им дадат препораки до МЗШВ за решавање на нашите проблеми. “ вели Менде Трајковски, производител на органски мед.

Присутните пчелари рекоа дека од експертите ќе бараат помош да добијат машини за пакување на  мед за да можат да ги продаваат нивните производи на странските пазари.

„Италијанските експерти ни препорачуваат сите оние кои се занимаваме со пчеларство да се зачлениме во задруга затоа што на тој начин полесно би можеле да го постигнеме тоа што ние потребно т.е паковање на нашиот мед и полесно пласирање на пазарите низ Европа.“ вели Трајковски.

Eколошкото друштво Кајмакчалан од Маково  веќе започна со постапката за брендирање на Мариовскиот мед тоа ќе значи изнаоѓање на пласман на производот и добивање на негова додатна цена.

На трибина беа присутни триесеттина членови пчелари од Пелагонискиот регион.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php