«

»

Jan 15

Андреј Митревски го пронајде паричето за Василица во Центарот за ран детски развој „Бамби “ во Новаци

Андреј Митревски од Новаци е овогодинешното најсреќно дете во Центарот за ран детски развој „Бамби“ за Василица. Од присутните дечиња кои ги вртеа мазничињата тој го пронајде она во кое имаше паричка.Ова е василичарска традиција во Бамби за Православна Нова година на која покрај едукаторскиот кадар присуствуваше и градоначалникот  на општина Новаци, Љубе Кузманоски.  

„ Ваквите празнувања се доста важни за децата бидејќи на некој начин значат не само нивно запознавање со традицијата туку и продолжување на вековните обичаи.Ова е особено важно за да не се заборават и да се продолжат ваквите стари христијански обичаи.На Андреј му посакувам многу здравје, среќа и успех да го следи цела 2018 година, исполнување на сите желби, среќно и безгрижно детство. “ рече градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски.

Верските празнувања и обичаите се дел од едукативниот развој на децата во Центарот „Бамби“ во општина Новаци.

Во овие краеви спроти 14 јануари, за ручек, мазник со паричка се врти во сите православни куќи. Се јадат домашни колбаси, се игра комар и се пеат староградски песни до рано изутрина.За ручек, мазник со паричка ќе се врти во многу домаќинства, а потоа ќе се подели на делови колку што има членови во семејството, еден за господ и плус еден за куќата.

Во општина Новаци традиција е ноќта на 13 –ти наспроти 14-ти јануари да се палат големи василичарски огнови во секое маало.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php