«

»

Dec 21

Новогодишната претстава „ Вреќата на дедо Мраз“ во општина Новаци

Новогодишна претстава „Вреќата на дедо Мраз„ беше организирана во салата на општина Новаци за дечињата од ЦОУ „ Славко Лумбарковски“.  Салата беше претесна за да ги собере сите љубопитни дечиња зафатени од предновогодишната еуфорија.

„ Секоја година организираме новогодишна претстава за дечињата од нашата општина. Исто така општината за сите дечиња кои одат на училиште, или пак го посетуваат центарот за ран детски развој Бамби , како и за социјалните случаи купува новогодишни пакетчиња кои ќе им бидат поделени на следната недела пред новогдишните празници.  “ рече Љубе Кузманоски,градоначалник на општина Новаци.

Ваквите културни случувања придонесуваат многу за едукативниот и културниот развој на децата од руралните средини.

Влезот за претставата беше бесплатен а присуствуваа сите дечиња од општина Новаци. Претставата ја организираше Фото студио Пинк Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php