«

»

Dec 10

Советот на општина Новаци ја одржа 3-тата седница

Советот на општина Новаци денеска ја одржа 3 тата седница на која на дневен ред се најдоа околу триесеттина точки.
По усвојувањето на записникот од претходната седница се започна со разгледување на останатите точки и тоа се усвои предлог буџетот , предлог-одлуката за извршување на  буџетот на општина Новаци и буџетскиот календар за 2018 година.
Исто така советниците го разгледаа и усвоија и предлог-развојниот план за комунални дејности на територијата на на општина Новаци за период 2018-2020, одобрени беа средства за одбележување на Новата 2018 година, божиќните прзници и богојавление-Водици 2018 година.
Советот ја донесе и програмата зa зимско одржување на  проодноста на општинските патишта и улици на територијата на општина Новаци за сезоната 2017/2018 година, програмата за одржување на јавната чистота на територијата на општина Новаци за 2018 година и предлог програма за работа на Советот на општина Новаци за 2018 година.
Советниците го разгледаа и го одобрија барањето на Ф.К Новаци 2011-Новаци за одобрување на средства за натпреварување во сезона 2017/2018-Есенски дел, донесоа одлука за одобрување на средства за исплата на дневници на ракувачот на ровокопачот, одлука за утврдување на приоритет на проект (Основен проект  за реконструкција на линиска инфраструктурна градба-Градба- реконструкција на тротоари во населено место Добромири, општина Новаци, одлука за давање на согласност за намената на инвестицијата (Основен проект  за реконструкција на линиска инфраструктурна градба-Градба- реконструкција на тротоари во населено место Добромири, општина Новаци, одлука за сопствено учество на општина Новаци при аплицирање со проект(Основен проект  за реконструкција на линиска инфраструктурна градба-Градба- реконструкција на тротоари во населено место Добромири, општина Новаци, одлука за утврдување на приоритет на проект (Основен проект  за реконструкција на линиска инфраструктурна градба-Градба- реконструкција на тротоари во населено место Рибарци, општина Новаци, одлука за давање на согласност за намената на инвестицијата (Основен проект  за реконструкција на линиска инфраструктурна градба-Градба- реконструкција на тротоари во населено место Рибарци, општина Новаци, одлука за сопствено учество на општина Новаци при аплицирање со проект (Основен проект  за реконструкција на линиска инфраструктурна градба-Градба- реконструкција на тротоари во населено место Рибарци, општина Новаци) и предлог планирани едногодишни капитални инвестиции за 2018 годинa во општина Новаци.
На денешната седница се разгледаа и се донесоа неколку предлог одлуки за вклопување на бесправно изградени објект во идна урбанистичко-планска документација и тоа за Црквата ,,Свети Никола-Талалеј“ во с.Добромири КП 457 КО , манастирот ,,Свети Архангел Михаил,, с Тепавци КП 184 КО Тепавци, црквата Св.Богородица с.Тепавци КП 218 КО Тепавци, црквата св. Илија с.Градешница КП 760 КО Градешница, црквата Св.Димитрија с.Груниште КП 213 КО Груниште, помошен објект и камбанарија на КП 620 КО Мегленци, помошен објект и камбанарија на КП 817 КО во Долно Орехово.Исто така беше донесена и одлука  за промена на траса на собраќајната инфраструктура по поднесено барање  физички лица.
Денешната седница имаше и неколку други барања по различни основи како дополнување на денешниот дневен ред и тоа: Купување на книгата ,, Македонистика во светската славистика,, од професор д-р Вера Стојчевска Антиќ, барање за финансиски средства од спортски Клуб ,, ЕКСПОУЗ,, Битола за учество на Светско првенство за латино и синхроно танци во Атина-Грција, понуда за одигрување на новогодишна детска претстава Вреќата на дедо мраз од  Фото студио Пинк Битола, и барање од жителите од МЗ.с.Далбеговци за градежни матерјали-бетонски , ПВЦ цевки и тампон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php