«

»

Nov 17

Советот на општина Новаци ја одржа 2-рата седница

Советот на општина Новаци денеска ја одржа 2-рата седница на која се разгледуваа и се гласаа дваесеттина точки кои се најдоа на денешниот дневен ред.

Седницата започна со избор на претседател и членови на комисии  за финансирање, буџет и локален економски развој, урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина, општествени дејности, еднакви можности на жените и мажите и статут и прописи. Исто така се донесе и одлука за определување на членови на Советот на општина Новаци за учество при склучување бракови на територијата на општина Новаци.

На денешната седница беше донесено решение за именување на претставник од Советот на општина Новаци за член на Комитет на Советите во ЗЕЛС, решение за разрешување на членови и избирање на нови претставници во УО на ЦОУ „ Славко Лумбарковски„ и УО и НО на КЈП „ Комунална хигиена “ Новаци.

Советниците ги разгледаа документите и донесоа одлука за определување на висина на сопствено учество на општина Новаци во програмата за општинско корисна работа проект „Учиме заедно“ и предлог одлука за учество и имплементација на проектот „Одржливо менаџирање на агро отпадот за загревање на руралните области“ AGROWCHAN, финансиран од ИПА програмата на ЕУ за прекугранична соработка Македонија Грција.

На денешниот дневен ред се најде и барањето на Здружението на Пелагониски научни средби за одржување на овогодинешната манифестација како и предлог одлуката за измена на распоредот на средствата на Буцетот на општина Новаци за 2017 година.

Советниците на денешнатас едница ја разгледаа и развојната програма 2018-2022 за општина Новаци како и барање на физичко лице за финансиска помош

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php