«

»

Sep 19

Чистење на каналската мрежа околу селата Рибарци и Гнеотино

Општина Новаци веќе извесно време активно ја чисти каналската мрежа. Имено деновиве се работи на чистење на езерцето во с. Рибарци, каналите, паралелниот канал за одводнување со р.Црна кој се влева во 10-тиот канал, каналот Мртвица и одводен канал покрај паралелниот канал во с. Гнеотино.

„Како и секоја есен така и оваа Општина Новаци започнува акција за чистење на одводните канали низ наша територија , спроведуваме и нивно одржување  , потоа тука е и 10-тиот канал на кој посветуваме големо внимание.“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

 

Во претходниот период општина Новаци ги исчисти и уреди и другите канали во кои минуваат кај селата: Новаци, Добромири, Горно и Долно Агларци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php