«

»

Sep 01

Последни подготовки за стартот на новата учебна година2017/18 година

Новата учебна година започнува в понеделник на 4 септември а во општина Новаци веќе привршуваат последните подготовки околу средување на училиштата, дворните места и просториите за изведување на настава.

„ Во понеделник започнува новата учебна година а за прв пат школувањето ќе го започнат 26 првачиња. Во моментот ги средуваме училниците, варосуваме, дворните места во сите подрачни улчилишта на ниво на општина Новаци. “  рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Паралелно се прави расчистување на просторот и отстранување на стариот руиниран објект во дворот на ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ Новаци . На негово место ќе се гради еколошко едукативен парк за настава во природа т.е еко паркче.

Исто така се прават и последните подготовки за стартот на новата воспитно учебна година и во центарот за ран детски развој Бамби во Новаци за кој е веќе започната постапка за преименување во детска градинка.

Исто така се варосуваат и средуваат училниците и во подрачното училиште на ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ во село Добромири.

Новата учебна година започнува во понеделник а годинава во ЦОУ „Славко Лумбарковски“  школувањето за прв пат ќе го започнат 26 првачиња.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php