«

»

Aug 21

Реализирани 480 проекти за четири години во Општина Новаци

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски имаше отчет за сработеното за изминатите 4 години во областа на инфраструктурата, образованието, културата и спортот.

-Во изминатите 4 години заедно со Советот и администрацијата работевсме и се трудевме општина Новаци да стане урбана општина. Тоа беа динамични години исполнети со многубројни активности во сите свери на живеењето, години на подем кој изобилува со голем број на завршени проекти за нашето население. Остваривме голем број на проекти, но се реализираа и голем број на други проекти кој не беа ветени во изборната програма.

Преку овај отчет кој содржи визуелен и детален опис ви нудам можност директно да се запознаете со сработеното од страна на локланта власт во изминатите 4 години, отчетноста е наша обврска пред гласачите.

Голема е мотивацијата за остварување за остварување кога тоа што го работиш ќе остане запаметено за подобро утре но и за подобро денес. Општина Новаци во изминатиуот 4 годишен период реализира кој помали, кој поголеми околу 480 проекти и тоа во делот на инфраструктурата, образованието, културата и европските проекти.

Во делот на инфраструктурата асфалтирани се кој локални кој регионални патишта 52 километри во вредност од 4.800.000 евра, се средства на Владата на Р.Македонија и платежната агенција од Министерството за земјоделие, изјави Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php