«

»

Aug 14

Успешен музичко-театарски перформанс на Културно лето Новаци 2017

Публиката имаше можност да ужива во несекојдневен настан кој го реализираа дваесетина млади ентузијасти од Добромири .Искажуваме голема благодарност до родителите на учесниците во претставата, сите оние кои помогнаа да се оствари и реализира настанот, за масовната посетеност и за организаторот на настанот во Добромири, Малинка Атанасовска.

Водени од креативноста и желбата да се направи нешто ново и свое , да се искомбинираат традиционални вредности со модернизмот, и да се покажат квалитетите и капацитетот кој го поседуваат младите од ова населено место одлучивме музичко театарскиот перформанс од битовата драма од В.Иљоски да ја замениме со драматизација на текст „Како се „рипа“ во тавче – бум свадба’“ во која исто така се содржани битови елементи од традицијата и фолклорот на нашиот народ. Кога зборуваме за бит, битов елемент и фолклор , би сакала да ја потецнирам нивната важност . Битовото во драмата значат општите животни услови, традиции и обичаи на еден народ , а фолклорот значи целокупност на тие обичаи , обреди, песни, носии ,танци на тој народ а ние мораме да ги зачуваме. “ рече Е.Јончиќ
„Јас искрено сум изненаден од енергијата која сите овие млади актери ја имаа во текот на реализацијата на овој настан. Започнувајќи од од составувањето на текстот , дијалогот и драматизацијата, сценографијата, времето просторот,сликите, сцените и епилогот. Желбата да придонесат и да направат општествено добро за своите сожители и во едно, да покажат како се поклопуваат на некој начин и како изгледа кога во еден традиционален дел се вметнува модернизмот, оставајќи не сами да ја извлечеме пораката и поукатата од овој настан.“ рече градоначалникот Л.Котевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php