«

Aug 07

Работилници со полимерна глина во Гермијан и Добромири

Викендот во рамките на „Културно лето Новаци 2017“  се одржаа две работилници со полимерна глина во Гермијан и Добромири наменети за дечињата од овие села.

„Работилницата наиде на голем ингтерес во двете населени места каде ја одржавме. Дечињата работеа со полимерна глина , се забавуваа, се дружеа и се разбира имаа можност да ја покажат својата креативност“ велат од Културно иновативнито клуб Новаци.

Планирано е да се одржи ушпте една ваква работилница во Новаци.

До крајот на културното лето остануваат уште неколку настани и тоа: музичко театарски перформанс од драмата „ Чест“ на Васил Иљоски кој ќе се одржи во Добромири на 09 август, потоа модна ревија за деца и возрасни Шанел топ моделс на 14 во Новаци  на 16 август е закажана промоција на книга и последен настан за годинава е промоцијата на документаниот филм „ Живеј, работи, создравај“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php