«

»

Jul 25

Советот на општина Новаци ја одржа 68 –мата седница

Советниците на општина Новаци ја одржаа 68-мата седница на која се разгледаа дваесеттина точки на дневен ред. По усвојувањето на записникот беше донесена предлог-одлука за измена и дополнување на одлука за реализација на финансиски трансфери до здруженија на граѓани,спортски,технички, и научни друштва, наменски дотации за културно-уметнички манифестации и еднократна парична помош на физички лица и лица си посебни потреби. Исто така беа донесени измени на програмата зa изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во општина Новаци за 2017 година.

Советот го усвои и кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Новаци за периодот 01.01.2017 година до 30.06.2017 година.

Советниците го разгледаа и усвоија годишниот извештај за работата на ЦОУ „ Славко Лумбарковски“ Новаци, беше донесена одлука за превземање на финансиските трошоци за тековно одржување на локалните водоводи во општина Новаци, беа донесени измени и дополнување на решението за именување на  членови на Одбор за подигање на спомен обележје  за воените и цивилните жртви на македонскиот фронт во Прва Светска Војна на Кајмакчалан.

Потоа беа разгледани и одобрени неколку барања и тоа: за реализација на третиот Фестивал на книгата и културно лето Новаци 2017 од страна на КИК Новаци, потоа влезници за детска модна ревија организирана од Центар за манакенство БАЛЕСТРА АЗАН Битола, организирање на Гоцеви денови 2017, Традиционална здрава храна во Пелагонија, четврт традиционален меѓународен турнир за деца до 13 години, средства за ФК Новаци 2005  за натпреаврување во втората македонска фудбалска лига за сезоната 2017/2018 година.

На денешната седница се донесоа неколку предлог одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичко-планска документација(09-491/3 за с.Рибарци трафостаница ТС-10/04 КВ и 09-488/3 за с.Гермијан трафостаница ТС-10/04 КВ), по барање на ЕВН Македонија преку МТВ.

            Советот донесе одлука за ослободување од комуналната такса за улично осветлување на манастирот ,,Св.Атанасиј Велики во с.Старавина, средства за натпреварување на ЗФК Добромири, покривање на кривница во с.Брод , средства за трошпоци поврзани со ровокопач во сопственост на ЦРППР,потоа беше одобрено барањето на ЦОУ,,Славко Лумбарковски,,-Новаци за превземање градежни активности во ПУ с.Добромири, беа одобрени градежни матерјали за црквичето Св.Лука по барање на МЗ Скочивир, на манастирот Св Илија-Брен – Градешница, на МЗ Градешница за изградба на WC  позади продавницата како и градежни активности т.е дислокација на руниран објект стара училишна кујна во ЦОУ „ Славко Лумбарковски “ Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php