«

»

Jul 19

„Општина Новаци на точак“

Во рамките на „Културно лето Новаци 2017“ се одржа велосипедска тура Новаци-Добромири-Агларци . Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски беше еден од многубројните учесници. Ваквиот спортски настан наиде на голем интерес кај жителите на оваа општина.

„Ова е една многу интересна манифестација кој многу добро е примена кај жителите особенио кај младата популација. На тој начин почнуваат да се гледаат резултатите од субвенциите за велосипеди кои ги дава општина Новаци со цел да ја поттикне нивната поголема примена а заради намалување на загадувањето и заштита на животната средина. Во таа насока ќе продолжиме со организирање на вакви слични спортски настани. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Покрај велосипедската тура беше организирана едукативна работилница „Битола на точак“ како и изложба на стари велосипеди и велосипеди со мотор Авто етно Музеј Крклино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php