«

»

Jul 13

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ ____________________ ЈАВНА РАСПРАВА „Студија за оцена на влијанието врз животната средина за Интегриран систем за управување со цврст отпад (ИСУЦО)“ Пелагониски регион: Новаци, Битола, Прилеп и Ресен

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ
____________________
ЈАВНА РАСПРАВА
„Студија за оцена на влијанието врз животната средина за
Интегриран систем за управување со цврст отпад
(ИСУЦО)“
Пелагониски регион: Новаци, Битола, Прилеп и Ресен
25.07.2017 Општинска Сала – Општина Новаци
На 25 Јули 2017 година во Општинската Сала на Општина Новаци, со почеток во 12:00h
ќе се одржи Јавна расправа организирана од страна на Министерството за животна
средина и просторно планирање на Република Македонија и Секторот за животна
средина.
На јавната расправа ќе биде претставена Студијата за оцена на влијанието врз
животната средина (ОВЖС) за Пелагонискиот регион која беше подготвена во рамките
на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и
финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски,
Југозападен, Вардарски и Скопски регион EuropeAid/136347/IH/SER/MK“, проследена
со претставување на студија на изводливост од страна на клучните експерти и дискусија
со сите засегнати страни.
Цел на јавната расправа ќе биде конструктивна дискусија за влијанијата на
Интегрираниот систем за управување со отпад врз животната средина. Граѓаните ќе
имаат можност да поставуваат прашања и да добијат стручни одговори од страна на
експертите, а исто така и да дознаат повеќе за предностите кои ги носи воспоставувањето
на ваков вид системи за управување со отпад.
За Проектот
Горенаведениот проект е инициран од Министерството за животна средина и
просторно планирање во рамките на ИПА, доделен од Секторот за централно
финансирање и склучување на договори (ЦФСД) при Министерството за финансии
и спроведен од страна на ENVIROPLAN S.A. и неговите конзорциумски партнери,
LOUIS BERGER – BiPRO GmbH – EPEM S.A. – SLR Consulting Limited.
Целта на Проектот е да се постигне Интегриран и финансиски самоодржлив систем за
управување со отпад во Пелагонискиот, Југозападниот, Вардарскиот и Скопскиот регион
и да се подобри животниот стандард на приближно 1.200.000 жители кои моментално
годишно произведуваат 330.000 тони отпад.
Во продолжение може да ја погледнете агендата на Јавната расправа.
Ги покануваме новинарите и фотографите да го покриваат овој настан.
Во прилог на ова соопштение Ви доставуваме и 3 избрани фотографии кои може да се
користат во новинарски текстови.
За информации во врска со ова Соопштение до јавност, Ве молиме контактирајте ја
канцеларијата на проектот.
Тел: +389 2 277 3487
E-mail: 4regionalwaste.mk@enviroplan.gr
АГЕНДА
Датум: 25 јули 2017 г. Местп: Општинска Сала,
Време: 12:00 – 15:00 Општина Нпваци, Македпнија
Јавна расправа за ОВЖС за ИСЦУО
Тема Гпвпрник
I. Регистрација и кафе (11:30 – 12:00)
II. Впвед (12:00 – 12:05)
Дпбредпјде и впведен гпвпр Претставник пд МЖСПП
III. Претставуваое на ОВЖС (12:05 – 12:50)
Презентација на Студијата за пцена на влијаниетп врз
живптната средина вп Пелагпнискипт регипн
Христпс Цпмпанидис
Тим лидер на прпектпт
Тимпт на прпектпт
IV. Претставуваое на ФС (12:50 – 13:20)
СЛИКИ
Слика 1: Дива депонија во Пелагонискиот регион
Претставуваое на Физибилити студијата за Интегриран
систем за управуваое сп цврст птпад вп Пелагпнискипт
регипн
Христпс Цпмпанидис
Тим лидер на прпектпт
Елени Иеремиади
Експерт за ФС и управуваое сп
птпад
V. Дискусија сп чинителите (13:20 – 14:30)
VI. Ручек (14:30 – 15:00)
Слика 2: Пример за планирани инсталации за третман на отпад (Кожани, Грција)
Слика 3: Пример за планирана депонија по ЕУ стандарди

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php