«

»

Jul 06

На повидок соработка помеѓу општина Новаци и канцеларијата на UN Women

Општина Новаци ќе биде дел од третата фаза од регионалниот проект на UN Women за промоција на родово одговорни политики и буџети во Југоисточна Европа, кој предвидува широка компонента насочена кон единиците на локална самоуправа во Р. Македонија. Главната цел на проектот е да придонесе кон имплементација на националните обврски за остварување на родовата еднаквост и истиот претставува продолжение на досегашните напори и постигнувања во насока на интегрирањето на родовата перспектива во креирањето на политиките и буџетите.

„Имајќи ја во предвид досегашната успешна работа на општина Новаци на полето на родовата еднаквост, телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените  изрази желба за вклучување на општина Новаци во регионалниот проект за промоција на родово одговорни политики и буџети. Се надеваме дека преку поддршката обезбедена во рамките на проектот ќе ги зајакнеме капацитетите на општинската администрација и советот за родово одговорно креирање политики и да придонесеме кон унапредувањето на родовата еднаквост во општина Новаци. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Проектот  ќе се реализира во периодот 2017-2018 година, со финансиска поддршка од Австриската развојна агенција и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Започнувајќи од 2014 година, благодарение на овој проект, десет општини (Аеродром, Битола, Боговиње, Град Скопје, Ѓорче Петров, Маврово и Ростуша, Свети Николе, Струмица, Тетово и Штип) пилотираа иницијативи за воведување на родово одговорно буџетирање на локално ниво. Општинската администрација и советниците беа дел од бројни обуки, работилници и менторска програма што придонесоа кон зајакнување на нивните капацитети за креирање на родово одговорни политики, a некои општини подготвија и усвоија локални стратегии за унапредување на родовата еднаквост, со специфични мерки и буџетски алокации за спроведување на истите.

Во третата фаза од проектот ќе се вклучат десет нови општини со цел зајакнување на општинските капацитети и механизми за имплементација на локалните и национални стратешки документи во областа на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање, како што се Стратегијата за родова еднаквост (2013-2020), Стратегијата за воведување родово одговорно буџетирање (2012-2017) и Законот за еднакви можности на жените и мажите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php