«

»

Jul 03

„Музичка програма за деца и млади“ во Општина Новаци

Со третиот музички семинар предводен од Ване Јовчев виртуоз и истакнат музичар , заврши проектот „Музичка програма за деца и млади“ во Општина Новаци. Овој проект е вториот дел од програмата за Граѓанско лидерство во општината Новаци „CLIMON II“ иницирана од Културно иновативниот клуб.
Проектот траеше пет месеци , за концептот и реализацијата на програмата за часовите беше одговорен професорот Благој Крстевски. Вклучени беа деца и млади од општината кои имаа можност нивната наклонетост и љубов кон музиката да ја изразат со тоа што ќе научат да практикуваат самостојно еден од понудените инструменти од програмата синтисајзер или гитара.

Во програмата за синтисајзер се изучуваа основите за музичка писменост, ноти и паузи, вежби со половини ноти, вежби со половини и четвртини ноти , потоа вежби со сите нотни вредности за потоа да се премине на усвојување на песни. Во програмата за гитара за која имаше и најголем интерес се изучуваа акорди, рамноделни ритми, тонски скали и ритмичка обработка на песни. Наученото практикантите го претставија со учество во програмата на манифестацијата од фестивалот на книгата „Мост меѓу две срца“.
Меѓувреме учесниците имаа можност на драгоцено и ретко искуство на дружење со композитори, инструменталисти, клавиристи – Николче Мицевски, Марија Шамовска -Буџаковски и Ване Јовчев. На еден креативен начин учесниците се запознаа со инструментот пијано, слушнаа какво е чувството да се создава музика, која е инспирацијата за да се создаде и направи ново музичко дело со неслушнати звуци комбинирани со македонски фолклор и класична светска музика… Да добијат одговор на прашањето : – Зошто станав музичар? Да споделат впечатоци за влијанието на музиката како уметност и на нивно големо задоволство да пробаат да свират и пеат заедно со нив.
Програмата беше финансирана со средства од општина Новаци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php