«

»

Jun 13

Градоначалникот Котевски оствари средба со претставници на Здружение Аналитика

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски оствари средба со претставници на Здружение Аналитика од Скопје кои работат во рамките на програмата за безбедност и меѓународна политика, проект “Мерки за градење на доверба помеѓу Грција и Македонија, поглед од граѓанското општество”. Проектот е финансиски поддржан од Министерството за Надворешни работи на Кралството Шведска.

„ Општина Новаци има искуство околу мплементацијата на прекугранични проекти со органиизации од Република Грција, а посебно преку проектот “Project – Living history, Living Nature 1 и 2” и Телетерм, каде Општина Новаци е еден од партнерите на проектот. Токму затоа решивме да ги споделиме нашите позитивни ускуства и она што сме го направиле од оваа соработка.   “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

 

Според претставниците на Здружението целите на проектот се:„Проценка на клучните области за соработка помеѓу двете земји како и искуствата кои постојат во тие полиња и можностите за нови соработки, градење на доверба и воспоставување на платформа за понатамошна соработка помеѓу Македонија и Грција  и поддршка на мерките за градење доверба иницирани помеѓу Грција и Македонија преку обезбедување на знаење и експертиза во областите: прекугранична соработка во рамките на ИПА2 како и образование и размени.

 

Оттаму во рамките на овој проект претставниците остварија разговори покрај со претставници од општина Новаци и со претставници од неколку општини (Ресен, Кавадарци и Битола) кои биле вклучени во имплементација на прекугранични проекти со Република Грција.

 

Здружението Аналитика е невладина организација која се занимава со анализа на јавни политики со што придонесува кон доброто владеење на јавните институции во Р. Македонија.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php