«

»

Jun 08

Комеморација по повод 100 години од Битката за Битола

Во организација на Француската амбасада од Скопје и Францускиот конзулат од Битола, денеска  се одржа церемонијата по повод 100 годишнината од Битката за Битола што се случи во Првата светска војна на 18 мај 1971 година.

Градоначалникот Лазар Котевски со делегација од општина Новаци присуствуваше на комеморацијата .

 

Помеѓу загинатите војници, многумина биле по потекло од Алжир. Кон крајот на 1914, на Запад, како и на Исток, состојбата на фронтот на Големата војна била непроменета. Тогаш, Винстон Черчил предложил да се помине во офанзива на Константинопол, преку Протокот на Дарданелите. Сепак, таа офанзива доживеала неуспех, а влегувањето во војна на Бугарите во септември 1915 година претставувало нова закана за Србија. Тогаш Франција одлучила да почне нова операција за поддршка. На 5 октомври 1915 година војниците на Француската источна Армија се истовариле во Солун. По првичното напредување кон север во регионот на Градско, бугарските сили ја принудиле Источната армија и нејзините српски и англиски сојузници да се повлечат во ноември 1915 година во правец на Солун. Во 1916 година Француската армија повторно го освоила градот Битола, но тој и понатаму бил гранатиран од бугарската артилерија од правец на Планината Баба. Во пролетта 1917 година, Франција започнала офанзива, но таа резултирала само со убиствени борби.

На 18 мај, бугарските топови ја гранатирале областа наречена “Црвена Скала”. Во борбите учествувале 6.000 војници кои припаѓале главно на полкови од Алжир и составени од Алжирци или Французи родени во Алжир. Загубите биле страшни. Голем број од тринаесетте илјади војници погребани на Француските воени гробишта во Битола загинале на 18 мај 1917 година. Преживеале само 259 војници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php