«

»

Jun 07

Резултати од конкурсот на фестивалот на детското творештво „Мост меѓу две срца“

Културно иновативниот клуб од Новаци ги објави резултатите од конкурсот на фестивалот за детско творештво „ Мост меѓу две срца“. Првата награда во категоријата одделенска настава ја освои ученикот Милош Гугучевски од ОУ „Климент Охридски“ од Битола, втора награда освои Ајдин Дулка од ОУ „Крсте П. Мисирков“ од Бистрица – Жабени а третонаграден е Давор Петковски со творбата „Мојот роден крај “ОУ „Климент Охридски“ од Битола.

Првата награда во категоријата предметна настава ја освоија двете ученички Зорица Симјановска со прозната творба „Мост меѓу две срца“ и Андреа Гулабовка со творбата „ Мојот роден крај“ и двете од ОУ „ Стив Наумов“ од Битола. Втора награда освоија Велеса Велеска од ОУ „Манчу Матак“ од Кривогаштани и Александра Петровска од ОУ „ Коле Канински“ Битола а третата награда ја добија Тамара Гелевска од ОУ „Елпида Караманди“ и Анастасија Димовска од ОУ „ Гоце Делчев“ од Битола. Наградата за интерпретација Андреа Наковска со творбата „Творам со срце за татковината“ од ОУ „ Даме Груев“ од Битола.

Комисијата што одлучуваше e во состав проф д-р Даниела Андоновска -Трајковска, проф Билјана Стојановска, проф Милица Димитријовска Радевска, проф Весна Мундишевска – Велјановска.

Наградите ќе бидат доделени во октомври кога ќе се промовира поетската книга за деца „Мост меѓу две срца“, книга 4 која произлегува од творбите на конкурсот.

На настанот им беа доделени дипломи за прво, второ и трето место за најдобрите и најуспешните а на менторите и наставниците им беа доделени благодарници за учеството во проектот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php