«

»

Jun 05

Годишнина од загинувањето на тројцата бранители кај Гајре,Шипковица

Делегација на општина Новаци, положија цвеќе на споменикот „Паднатиот анѓел“ во Битола и споменикот кај Касарната „Стив Наумов“, по повод 16 годишнината од загинувањето на тројцата бранители кои животот го загубија кај Гајре, Шипковица во конфликтот во 2001 година, меѓу кои и Пеце Матичевски  родум е од Новаци.

„Се навршија 16 години од загинувањето на бранителите во конфликтот  во 2001 година, кога згаснаа младите животи на Пеце Матичевски,Влатко Миленковски и Благојче Силјановски. По тој повод на споменикот Ангел во паркот кај Саат кулата и во касарната Стив Наумов делегација на општина Новаци и фудбалскиот клуб Новаци положивме цвеќе.  “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

Во чест на бранителите Влатко, Благојче и Пеце ,подрачното министерство за одбрана и организацијата на резервни офицери на РМ секоја година организира бројни манифестации во знак на сеќавање и почит на жртвите  меѓу кои и   меморијалниот турнир во фудбал на кој со своја екипа учествува и општина Новаци. Организатор на целиот настан е Министерството за одбрана – одделението за одбрана Битола. На меморијалниот турнир ќе биде доделен преоден пехар и пехар во трајна сопственост.

 

„ Сметаме дека на овој ден мора да положиме цвеќе на спомен обележјата затоа што ова е еден вид почит со цел да не заборавиме никогаш и  да се сетиме на животот и делото на овие бранители кои загинаа за ние денес да живееме слободно .Општина Новаци секоја година го одбележува овој тажен јубилеј, а од пред неколку години организираме и меморијален турнир во мал фудбал трет по ред кој го носи името на херојот Пеце Матичевски. Овој турнир ќе продолжи да се организира и понатаму во чест на делото и животот на овој наш сограѓанин. “ вели Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

 

Пред неколку години на гробишата во Новаци Организацијата на резервни офицери на РМ постави јарбол со знамето на РМ по повод годишнината од  загинувањето на Пеце Матичевски. Општина Новаци минатата година ја именуваше новата аспортска сала Пеце Мтичевски а веќе три години по ред организира меморијален турнир во мал фудбал во чест на паднатиот херој кој е родум од Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php