«

»

Jun 01

Градоначалникот Котевски на заеднички консултативен комитет во Брисел

Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски заедно со неколку члена делегација номинирана од ЗЕЛС, присуствува на Денот на Проширувањето во Брисел во рамките на Заедничкиот консултативен комитет чиј што член е.

„ Денеска во Брисел се одржува 14-от состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Европската унија, претставуван преку Комитетот на региони. Наша делегација присуствува на третата пленарна седница на Денот на проширување (Enlargement Day). На оваа седница присуствуваат делегатите на ЗКК на Македонија, Србија и Црна Гора, како и членовите на работните групи на Турција и Западен Балкан. “ рече Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.

Заедничкиот консултативен состанок се применува од 2008-ма, а го сочинуваат 22 члена на еднаква основа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php