«

»

May 18

Асфалтирање на патниот правец Рапеш – Старавина

Според програмата на Владата на РМ продолжува асфалтирањето на патниот правец Рапеш – Старавина во Мариово.

„Парцијално започнавме со афалтирање на патниот правец Рапеш – Старавина во Мариово кој има вкупна должина од  12 км. Претходно беа асфалтирани 2 км од страна на Македонија пат а сега асфалтираме уште 4,5 км. понатаму ќе правиме напори и ќе наоѓаме средства да го завршиме асфалтирањето на целиот патен правец. Се надевам дека тоа ќе биде завршено во најбрзо време затоа што овој патен правец е единствениот неасфалтиран а е регионален кој се наоѓа на наша територија.  “ рече Лазар Kотевски, градоначалник на општина Новаци.

Досега се асфалтирани 4,5 км , остануваат уште 8 км.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php