«

»

Mar 30

Општина Новаци прослави 21 годинa постоење

Општина Новаци денеска прослави 21 годинa  успешна работа и опстојување. Празнувањата започнаа со сoстанок со државната администрација, потоа се положи свежо цвеќе на гробот на загинатиот херој Пеце Матичевски родум од Новаци а загинат во конфликтот во 2001 година а потоа  се одржа и свечена седница на Советот. Отворен ден беше организиран  во општина Новаци за многубројните гости и пријатели на оваа локална самоуправа.

„Денеска го одбележуваме денот на општина Новаци и 21 година постоење.Чествувањата започнаа денес а ќе продолжат и со прослава на патрониот празник на ЦОУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци кој оваа година слави голем јубијел 60 години. Утре ќе имаат и отворен ден и спортски активности во училиштето. Организирано беше  полагање на цвеќе на гробот на бранителот Пеце Матичевски кој е родум од Новаци а загина во конфликтот во 2001 година. Исто така имаме и свечена седница на Совет и свечен коктел за сите наши гости. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

На свечената седница на Советот пред советниците, општинската администрација и многубројните медиуми,Котевски посебен акцент стави на развојот на општината и многубројните проекти реализирани во изминатите години  но и оние кои се планирани за следниот период.

Општина Новаци како единица на локалната самоуправа постои од 1996 година и е составена од трите поранешни општини Новаци, Бач и Старавина.

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски за своите гости подготви свечен прием и пригоден коктел во општинската сала.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php