«

»

Mar 21

Делегација од Советот и општина Новаци на посета на збратимената хрвaтска општина Дуги Рат

Делегација на Советот и општина Новаци присуствуваше на прославата на Св.Јосип, свечената седница и денот на збратимената општина Дуги Рат, Хрватска, која прославуваше  24 години постоење.

„ Заради работни обврски јас не бев во можност да присуствувам на овој свечен чин за нашата збратимена општина но затоа испративме наша делегација . Со оваа општина многу често имаме контакти и тие контакти и понатаму ќе продолжат. “ рече Лазар Котевски, градоначаник на општина Новаци.

„ Пред неколку месеци имавме посета од Советот на општина Дуги Рат и на нивна покана сега претставници од советот и општина Новаци сме присутни на свечената седница по повод 24 години постоење на оваа наша збратимена општина. Презадоволни сме од нивното гостопримство и се надевам дека во иднина оваа соработка ќе се продлабочува. “ рече Пецо Мицевски, претседател на Совет на општина Новаци.

„ Како резултата на воспоставената некокугодишна соработка помеѓу општините Новаци и Дуги Рат нашето пријателство се повеќе се зацврстува, токму затоа денес присуствуваме на овој свечен чин од одбележувањето на 24 годишнината од постоењето на оваа општина. Се надевам дека ова пријателство во иднина ќе вроди со плод при реализацијата на различни проекти за развој на двете општини при што ние ќе се трудиме да ги црпиме европските искуствата на Општина Дуги Рат која е членка на ЕУ. “ рече Стевче Стевановски“ советник од општина Новаци

„ Многу ние мило што имаме гости од нашата побратимена општина на овој свечен чин, драго ние што сме збратимени со нашите пријатели од општина Новаци, Република Македонија и ова за нас претставува голема чест. Ова е нивна втора посета кај нас а ние ме биле во неколку наврати. “ рече Јерко Роглич“ градоначалник на општина Дуги Рат, Хрватска.

Делегацијата присуствуваше на свечената седница на Советот на општина Дуги Рат со која беа означени 24 години од основањето и успешно работење а беше положено и свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци во Војната за татковината пред светитот крст на црквата Св.Јосип. Исто така домаќините организираа туристички разглед на Сплит и Омиш, палатата на Диоклецијан, прусуство на концерт на клапата Чамби и Искон, посета на старите сдела Јесенице, Жељовичи и Круг.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php