«

»

Mar 06

Советот на општина Новаци ја одржа 64-тата седница

 

Советот на општина Новаци се состана по втор пат овој месец и ја одржа 64-тата седница на која се разгледаа десеттина точки на дневен ред.

По усвојувањето на записниот од претходната седница се пристапи на донесување неколку измени на програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во општина Новаци, потоа советниците го разгледаа извештајот за реализација на програмата за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во општина Новаци за 2016 година.

На оваа седница се одобрија средства за набавка на на машина за миење на возилата на општина Новаци, беше донесена предлог-програма за одржување на јавни зелени и јавни прометни површини во општина Новаци, одлука за одобрување средства за времено ангажирање на лица за извршување на комунални работи и набавка на основни средства за нивна работа како и предлог-проект за Почиста и поубава општина Новаци Пролет-2017.

Како дополнување на денешниот дневен ред се разгледаа и донесоа  предлог-Одлука за краткорочно задолжување на општина Новаци, барањето од Здружение ,,Рурална Жена,, с.Гермијан за одобрување на средства за автобуски превоз на релација с.Живојно-Кратово и обратно, за потребите на пензионерите од с.Живојно, с.Бач и с.Гермијан како и барањето од црковниот одбор с.Живојно за одобрување на средства за набавка на градежни матерјали за трпезарија на манастирот Св.Илија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php