«

»

Feb 28

Советот на општина Новаци ја одржа 63-тата седница

Советот на општина Новаци ја одржа63-тата седница на Совет на која се разгледуваа дваесеттина точки на дневен ред. Како и секогаш седницата започна со усвојување на записникот од претходната седница а потоа продолжи со разлгедување на остатаните точки.

Беше усвоена предлог-Програма за култура, културни и други манифестации на општина Новаци за 2017 година, предлог-Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во општината Новаци за 2017 година, предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2017 година. Потроа беа донесени неколку одлука и тоа за : за давање Согласност на  Предлог-Програма  за работа на Јавното Претпријатие за Комунални Дејности ,,Комунална Хигиена,, Новаци-општина Новаци за 2017 година, за давање Согласност на  Правилник за внатрешна организација на Јавното Претпријатие за Комунални Дејности ,,Комунална Хигиена,,-Новаци,општина Новаци, za odobruvawe na sredstva za odbele`uvawe na praznikot na opшtinata-30 март , zа формирање на комисија за одбележување на денот на општината, за одобрување за расход и отуѓување на  на основни средства ( Предлог Пописна листа бр.1), за одобрување на средства за престој во Република Хрватска на членови на Совет, градоначалник на општина и општинска администрација( превоз и др.).

 

Советниците на денешната седница разгледаа и усвоија неколку барања и тоа: од ДООЕЛ ,,Едиција-Комерц,, Битола за исплаќање на надоместок за купени книги(12.000,00 денари). од ЈП за Комунални Дејности ,,Комунална Хигиена,,-Новаци за набавка на механизација(Скип и Камион кипер), за одобрување на средства за санација на купола од црква Св.Воскресение во с.Далбеговци, од ЗФК Пелагонија с.Добромири за одобрување на средства за такмичење во општинска фудбалска лига-Пролетен дел 2017 година, од Фудбалски клуб Новаци 2011 Новаци за одобрување на средства за такмичење во општинска фудбалска лига-Пролетен дел 2017 година.

На самиот крај на седницата беше донесен заклучок  za usvojuvawe na Izveшtajot за извршен редовен годишен попис во општина Новаци со состојба 31.12. 2016 година,Извештај на Комисија за попис на Побарувањата,Обврските и Паричните средства во благајната на општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php