«

»

Feb 20

Лазар Котевски- добитник на награда ,,Инвестиции со трајни вредности” од страна на гледачите на ТВ Орбис

Викендов на манифестацијата Brand International во организација на ТВ Орбис, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски ја доби наградата односно специјалното признание за реализирање на проекти од витално значење за жителите од страна на гледачите на оваа регионална телевизиска куќа.

Лазар Котевски веќе трет мандат заеднички со својата општина чекори кон визијата таа да прерасне во место, кое нема да биде препознатливо само како општина со најголема површина, туку и по своите културни особености и зголемен број  на население. Главен предизвик за Котевски и натаму е подобрување на животниот стандард на населението во Општина Новаци и затоа постојано се работи на решавање на инфраструктурните проблеми и во најмалото населено место.

Лазар Котевски, за секој  следен преземен чекор во насока на подобрување на квалитетот на живеење на своето население, задолжително се потпира на нивните барања и потреби, така што Општина Новаци е една од ретките која транспарентно го креира буџетот за секоја наредна година преку Форуми на заедницата-буџетски форум.

Општина Новаци е една  од ретките рурални општини во државата која со брзо темпо се движи да го оствари својот сон и да стане урбана општина. Таа е позитивен  пример  на реализација  на различни проекти со кои значително влијае врз подобрувањето на квалитетот на живот на населението.

 

2016 година за општина Новаци беше динамична година исполнета со многубројни активности во сите сфери на живеење,   година на подем, која изобилуваше со голем број завршени значајни проекти не само за населението на  општина Новаци  туку и за целиот регион. Минатата година локалната самоуправа ја завршивме со бројни реализирани проекти кои беа планирани , но и проекти кои не беа во општинските планови , а ги наметнаа барањата на  граѓаните како и објективните потреби за ургентна реализација и тоа во сите области, вели градоначалникот Лазар Котевски.

Во локалната инфраструктура вложени се 7 милиони евра, средства обезбедени дел од буџетот на општината, а дел од Владата на РМ. Со нив се асфалтирани 57 км патишта. Од големо значење е санацијата на свлечиштето на патот Битола Новаци како и реконструкција, санација и асфалтирање  на локални и регионални патишта кои гравитираат во општината. Чистењето на коритото на р.  Црна во должина од 30 км е дел од превентивните активности за заштита од поплави. Во оваа насока е и чистењето на 10 канал  како  и изградба на атмосферска канализација во повеќе села, со помош на средства од фондот за фосилни горива . И оваа година продолжи грижата за животната средина и расчистувањето на дивите депонии. Изградбата на детска градинка, реконструкција на младински културен центар и реализацијата на бројни проекти во рамки на културното лето се само дел од грижата за подобар живот. Со помош пак на средства од ИПА програмата  за преку гранична соработка историјата и солунскиот фронт се ставени во функција на развој на туризмот во оваа општина. Се планира во 2017 година да се заокружат три капитални проекти  како трајно наследство на идните генерации на општина Новаци топлификација, префрлање на системот за наводнување во новачко поле како и изградба на регионална депонија инвестиции вредни околу 110 милиони евра.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php