«

»

Jan 31

Советот на општина Новаци ја одржа 62-рата седница

Советот на општина Новаци ја одржа 62-рата седница на која се разгледуваа околу триесеттина точки на дневен ред.

Како и секогаш седницата започна со усвојување на записникот од претходната седница а потоа продолжи со донесување на неколку одлуки и тоа: за усвојување на тромесечен извештај за извршување на буџетот на општина Новаци за периодот 01.01 – 31.12.2016 година, за определување на висина на благајнички денарски и девизен максимум, за фомирање на комисија за проценка на штети од елементарни и други непогоди, за сопствено учество при аплицирање во проекти,за систематска дератизација и превентивна дезинсекција, одлука за известување на Министерство за финансии на РМ за извршување на буџетот на општина Новаци за 2017 година, за изготвување на проект и негова реализација за отворање и реконструкција на подземни тунели од Прва светска војна во с. Брод и за реализација на проект изградба на спортско игралиште во Долно Агларци.

Исто така беа донесени и неколку предлог одлуки и тоа: за реализација на финансиски трансфери до здруженија на граѓани, спортски, технички и научни друштва, наменски дотации за културни уметнички манифестации и еднократна помош за физички лица.

На оваа седница беа донесени и неколку предлог одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска документација за КО Будимирци, Новаци,Добровени, Старавина.

На 62-рата седница , советниците донесоа одлука да им се додели финансиски средства и на неколу здруженија на граѓани и спортски, културни и уметнички друштва и тоа: на ФК Новаци за натпреварување во втора македонска фудбалска лига врз основа на поднесена финансиска програма за пролетен дел 2017 година, на КИК Новаци за учество во проект CLINMON во соработка со Мировен корпус за набавка на музичка опрема, а на драмски театар за реализација на новогодишна театарска претстава „Снежни игри“.

 

Советниците донесоа одлука за позитивно решавање на неколку барања од физички лица за доделување на еднократна парична помош како и доделување помош на Манастриот Рождество на Пресвета Богородица во с. Новаци и храм Св. Никола во с.Брод за довршување на зпочнатиот фрескоживопис, изградба на трем, камбанарија и уредување на ентериерот на црквата.

 

На оваа седница на совет беше усвоен извештајот за редовен годишен попис во општина Новаци со состојба 31.12.2016 година од формираната централна пописна комисија и одлука за усвојување на полугодишниот извештај за работата на ЦО/ун „Славко Лумбарковски“ од Новаци за учебната 2016 / 2017 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php