«

»

Jan 13

Ана Марија Цветковска го пронајде паричето за Василица во Центарот за ран детски развој „Бамби “ во Новаци

Ана Марија Цветковска од Новаци е овогодинешното најсреќно дете во Центарот за ран детски развој „Бамби“ за василица. Од присутните дечиња кои ги вртеа мазничињата таа го пронајде она во кое имаше паричка.Ова е василичарска традиција во Бамби за Православна Нова година на која покрај едукаторскиот кадар присуствуваше и градоначалникот  на општина Новаци, Лазар Котевски.  

„ Ваквите празнувања се доста важни за децата бидејќи на некој начин значат не само нивно запознавање со традицијата туку и продолжување на вековните обичаи.Ова е особено важно за да не се заборават и да се продолжат ваквите стари христијански обичаи.На Ана Марија и посакувам многу здравје, среќа и успех да ја следи цела 2017 година, исполнување на сите желби, среќно и безгрижно детство. “ рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Верските празнувања и обичаите се дел од едукативниот развој на децата во Центарот „Бамби“ во општина Новаци.

Во овие краеви спроти 14 јануари, за ручек, мазник со паричка се врти во сите православни куќи. Се јадат домашни колбаси, се игра комар и се пеат староградски песни до рано изутрина.За ручек, мазник со паричка ќе се врти во многу домаќинства, а потоа ќе се подели на делови колку што има членови во семејството, еден за господ и плус еден за куќата.

Во општина Новаци традиција е ночта на 13 –ти наспроти 14-то јануари да се палат големи василичарски огнови во секое маало.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php