«

»

Nov 24

Регионални денови на културата 2016

tnt_8426

Во рамките на регионалните денови на културата 2016 во општина Новаци денеска се одржа музичкиот перформанс „ Девојчето со долга коса“. Манифестацијата е дел од Децентрализираната соработка помеѓу Македонија и Франција а организатор е Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

„ Оваа активност општината ја реализира во соработка на центарот за развој на пелагонискиот плански регион секоја година во месец ноември. Ние ги поддржуваме ваквите манифестации и понатаму ќе работиме на ова поле. Сакам да ги поздравам и дечињата од ЦОУ Славко Лумбарковски во Новаци кои денеска се присутни на претставата. “  рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

tnt_8410

Изведувач на овој музички спектакл е Стефанија заедно со модното танцово студио „Анастасија“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php