«

»

Nov 16

Презентирани проектите на општина Новаци на прес конференција

dsc_5200

Прес конференција на градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски за проектите започнати оваа година кои се во различна фаза на реализација.

Во продолжение интегралниот текст.

НА ДЕНЕШНИОТ ПРЕС НА КОЈ ЌЕ ГИ ПРЕЗЕНТИРАМЕ КАПИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИ НА ОПШТИНА НОВАЦИ КОИ СЕ РЕАЛИЗИРАНИ ВО ИЗМИНАТИОТ ПЕРИОД.

2016 ГОДИНА ЗА ОПШТИНА НОВАЦИ Е ДИНАМИЧНА ГОДИНА ИСПОЛНЕТА СО МНОГУБРОЈНИ АКТИВНОСТИ ВО СИТЕ СФЕРИ НА ЖИВЕЕЊЕ,   ГОДИНА НА ПОДЕМ, КОЈА ИЗОБИЛУВАШЕ СО ГОЛЕМ БРОЈ ЗАВРШЕНИ ЗНАЧАЈНИ ПРОЕКТИ НЕ САМО ЗА НАСЕЛЕНИЕТО НА НАШАТА ОПШТИНА ТУКУ И ЗА ЦЕЛИОТ РЕГИОН.

ОД ПОЧЕТОКОТ НА ОВАА ГОДИНА ДОСЕГА ИМАМЕ РЕАЛИЗИРАНО ОКОЛУ 140 ПРОЕКТИ НО ВО СЛЕДНИТЕ МИНУТИ ЌЕ СЕ ОБИДАМ ДА ГИ СПОМЕНАМ САМО ПОГОЛЕМИТЕ И ПОЗНАЧАЈНИТЕ.

ВО ДЕЛОТ НА ИНФРАСТРУКТУРАТА:

ЗАВРШЕНИ:

  1. ЛОКАЛЕН ПАТ ГНЕОТИНО – БРОД ДЕЛНИЦА ВО ДОЛЖИНА ОД 3 КМ – ВРЕДНОСТ 23,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ СО СРЕДСТВА ОД ВЛАДА НА РМ т.е АГЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ НА РМ
  2. РЕГИОНАЛЕН ПАТ ДОБРОМИРИ – КЛЕПАЧ ДО ТОПОЛЧАНИ ВО ДОЛЖИНА ОД 19,5 КМ ВО ВРЕДНОСТ ОД 1,5 МИЛИОН ЕВРА СО СРЕДСТВА ОД ВЛАДА НА РМ
  3. АСФАЛТИРАЊЕ НА ПАТОТ КОЈ ВОДИ ДО МАНАСТИРОТ СВЕТИ АРХАНЃЕЛ МИХАИЛ ВО СКОЧИВИР СО ШТО Е НАПРАВЕНО ПОВРЗУВАЊЕ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ Р2338 КРЕМЕНИЦА – ГЕРМИЈАН – БАЧ – ВО ДОЛЖИНА ОД 1 КМ – ВРЕДНОСТ 7,3 МИЛИОН ДЕНАРИ – СРЕДСТВА ОД ВЛАДА НА РМ – АФПЗРР НА РМ
  4. АСФАЛТИРАНИ УЛИЦИ ВО ДОЛЖИНА ОД 1 КМ ВО СЕЛАТА:СТАРАВИНА, ЗОВИЌ И АРМАТУШ ВО ВРЕДНОСТ ОД 7 МИЛИОН ДЕНАРИ ОД ВЛАДА НА РМ – АФПЗРР НА РМ
  5. РЕКОНСТРУКЦИЈА И САНАЦИЈА НА ПАТОТ ГНЕОТИНО – БРОД ВО ДОЛЖИНА ОД 2 КМ КОЈ БЕШЕ УНИШТЕН ОД ПОПЛАВИТЕ И БЕТОНИРАЊЕ НА КАНАВКИ – ВРЕДНОСТ 250 000 ЕВРА СРЕДСТВА ОД УНДП
  6. ИЗГРАДЕНИ УЛИЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА НОВАЦИ ВО МНОГУ СЕЛА СОГЛАСНО ПРОГРАМАТА ЗА 2016 ГОДИНА ВО ДОЛЖИНА ОД 2,8 КМ – ВРЕДНОСТ 17,5 МИЛИОН ДЕНАРИ – БУЏЕТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
  7. АСФАЛТИРАЊЕ НА ПАТОТ РАПЕШ – СТАРАВИНА ВО ДОЛЖИНА ОД 2 КМ – ВРЕДНОСТ 6 МИЛИОН ДЕНАРИ – СРЕДСТВА ОД ЈП ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА НА РМ
  8. ИЗГРАДЕНА УЛИЦА ВО СЕЛО ГРАДЕШНИЦА ВО ДОЛЖИНА ОД 310 МЕТРИ – ВРЕДНОСТ 2,1 МИЛИОН ДЕНАРИ – СРЕДСТВА ОД БИРО ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ
  9. ЗАВРШЕНА Е ИЗГРАДБАТА НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО НОВАЦИ – ВРЕДНОСТ 5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ СРЕДСТВА ОД БУЏЕТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
  10. ЗАВРШЕНА Е РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА МЛАДИНСКИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО НОВАЦИ – ВРЕДНОСТ 5,3 МИЛИОН ДЕНАРИ – СРЕДСТВА ОД БУЏЕТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
  11. ЗАВРШЕНА Е РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА МЛАДИНСКИОТ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ВО СЕЛО ДОБРОМИРИ – ВРЕДНОСТ 1,4 МИЛИОН ДЕНАРИ – СРЕДСТВА ОД БУЏЕТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ
  12. СЕ ГРАДАТ ТРОТОАРИ ВО СЕЛАТА:НОВАЦИ, ДОБРОМИРИ И ГЕРМИЈАН – ВРЕДНОСТ 3 МИЛИОН ДЕНАРИ – СРЕДСТВА ОД МЖСПП НА РМ – ФОНД ЗА ФОСИЛНИ ГОРИВА
  13. ИЗГРАДЕНА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО СЕЛАТА: ДАЛБЕГОВЦИ, ДОБРОМИРИ , ГОРНО И ДОЛНО АГЛАРЦИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 4 МИЛИОН ДЕНАРИ – СРЕДСТВА ОД МЖСПП НА РМ – ФОНД ЗА ФОСИЛНИ ГОРИВА
  14. ЧИСТЕЊЕ НА 10-ТИОТ КАНАЛ ВО ВРЕДНОСТ ОД 400 000 ДЕНАРИ- СРЕДСТВА ОД МЖСПП НА РМ – ФОНД ЗА ФОСИЛНИ ГОРИВА
  15. ЗАВРШЕНО Е ЧИСТЕЊЕТО НА ДИВИ ДЕПОНИИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РМ – ВРЕДНОСТ 700 000 ДЕНАРИ – СРЕДСТВА ОД МЖСПП НА РМ – ФОНД ЗА ФОСИЛНИ ГОРИВА
  16. ПОСТАВУВАЊЕ ПОСТОЉЕ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ И ИЗГРАДБА НА ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ВО 5 СЕЛА – ВРЕДНОСТ 500.000 ДЕНАРИ – СРЕДСТВА ОД БУЏЕТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ

ВО ТЕК НА ИЗГРАДБА:

  1. ВО ТЕК Е РЕКОНСТРУКЦИЈА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ Р1311 БИТОЛА – НОВАЦИ – РЕК ВО ДОЛЖИНА ОД 1 КМ КОЈ БЕШЕ УНИШТЕН ОД МИНАТОГОДИШНИТЕ ПОПЛАВИ КОЈ ТРЕБА ДА ЗАВРШИ ДО КРАЈОТ НА ОВОЈ МЕСЕЦ. РЕКОНСТРУКЦИЈАТА ИЗНЕСУВА 500 000 ЕВРА, СРЕДСТВА ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ВЛАДА НА РМ – ЈП ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА НА РМ
  2. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ Р2338 КРЕМЕНИЦА СКОЧИВИР ВО ДОЛЖИНА ОД 18 КМ – ВРЕДНОСТ 300 000 ЕВРА – СРЕДСТВА ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
  3. ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛЕН ПАТ ТЕПАВЦИ – ЕРГЕЛА ВО ДОЛЖИНА ОД 2,5 КМ – ВРЕДНОСТ 300 000 ЕВРА – СРЕДСТВА ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
  4. ИЗГРАДБА НА ЛОКАЛЕН ПАТ ДОЛНО ОРЕХОВО – ГРУМАЗИ ВО ДОЛЖИНА ОД 6 КМ – ВРЕДНОСТ 450 000 ЕВРА – СРЕДСТВА ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ
  5. ИЗГРАДБА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ Р1311 РАПЕШ-СТАРАВИНА – ВО ДОЛЖИНА ОД 3 КМ – ВРЕДНОСТ 8 МИЛИОН ДЕНАРИ – СРЕДСТВА ОД ЈП ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА НА РМ
  6. ВО ТЕК Е ПОДГОТОВКА НА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДНА НА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО СЕЛАТА: ДОБРОМИРИ, РИБАРЦИ, БАЧ И ГЕРМИЈАН ВО ВРЕДНОСТ ОД 15 МИЛИОН ДЕНАРИ – СРЕДСТВА ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ГРАНТ ОД СВЕТСКА БАНКА
  7. ИЗГРАДБА НА РАКОМЕТНО ИГРАЛИШТЕ ВО ДОЛНО АГЛАРЦИ – ВРЕДНОСТ 1,6 МИЛИОН ДЕНАРИ – СРЕДСТВА ОД ГРАНТ ОД СВЕТСКА БАНКА

ПОДОЛГОРОЧНИ НО КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ КОИ ЌЕ ТРААТ ПОДОЛГ ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОД А ВЕЌЕ Е ЗАПОЧНАТА НИВНАТА РЕАЛИЗАЦИЈА СЕ:

  1. ПРЕНЕСУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА НАВОДНУВАЊЕ СТРЕЖЕВО ПРЕКУ РЕКА ЦРНА И ВИШОКОТ НА ВОДА ОД АКУМУЛАЦИОНОТО ЕЗЕРО НА РЕК. РЕАЛИЗАЦИЈАТА Е ВЕЌЕ ЗАПОЧНАТА – ВРЕДНОСТА НА ПРОЕКТОТ ИЗНЕСУВА 4,5 МИЛИОН ЕВРА А СРЕДСТВАТА ГИ ОБЕЗБЕДЕУВА ВЛАДАТА НА РМ т.е МЗШВ НА РМ
  2. ГОЛЕМ ПРОЕКТ ИСТО ТАКА Е ИЗГРАДБАТА НА ПАРНОВОДОТ НОВАЦИ – БИТОЛА – МОГИЛА КОЈ ОПФАЌА ПОКРАЈ ЗАТОПЛУВАЊЕ НА СТАНБЕНИ И ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ И ИЗГРАДБА НА ОРАНЖЕРИИ И ПЛАСТЕНИЦИ. ВРЕДНОСТ НА ПРОЕКТОТ 58 МИЛИОН ЕВРА – СРЕДСТВА ОД ВЛАДА НА РМ

ЕВРОПСКИ ПРОЕКТИ

  1. РЕКОНСТРУИРАНА Е ЦРКВАТА ВО СЕЛО ГРАДЕШНИЦА ВТОРА ФАЗА ПРЕКУ ПРОЕКТОТ ЖИВА ИСТОРИЈА ЖИВА ПРИРОДА 2 СО СРЕДСТВА ОД ЕУ – ВРЕДНОСТ 38 600 ЕВРА
  2. ДЕМИНИРАЊЕ НА МЕСНОСТА ЗМЕИЦА ВО МАРИОВО – ВРЕДНОСТ 9200 ЕВРА –ОД ПРОЕКТОТ ЖИВА ИСТОРИЈА ЖИВА ПРИРОДА 2 СО СРЕДСТВА ОД ЕУ
  3. РЕКОНСТРУКЦИЈА НА РЕКРЕАТИВНИОТ ПАРК НА РЕКА КОЊАРКА – ВО ВРЕДНОСТ ОД 88 200 ЕВРА – ОД ПРОЕКТОТ ЖИВА ИСТОРИЈА ЖИВА ПРИРОДА 2  СО СРЕДСТВА ОД ЕУ
  4. ИЗРАБОТКА НА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗА ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ И ВЕБ ПРЕБАРУВАЊЕ – ВО ВРЕДНОСТ ОД 15 000 ЕВРА – ОД ПРОЕКТОТ ЖИВА ИСТОРИЈА ЖИВА ПРИРОДА 2 СО СРЕДСТВА ОД ЕУ
  5. МАПИРАЊЕ И ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗНАЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА НОВАЦИ ВО ВРЕДНОСТ ОД 15 000 ЕВРА – ОД ПРОЕКТОТ ЖИВА ИСТОРИЈА ЖИВА ПРИРОДА 2 СО СРЕДСТВА ОД ЕУ
  6. ПОСТАВУВАЊЕ НА 5 СЕТА МАСИ И КЛУПИ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ – ВРЕДНОСТ 2000 ЕВРА – ОД ПРОЕКТОТ ЖИВА ИСТОРИЈА ЖИВА ПРИРОДА 2 СО СРЕДСТВА ОД ЕУ
  7. ИСЧИСТЕНИ И ОЗНАЧЕНИ МЕСТА И ЛОКАЦИИ ОСТАТОЦИ ОД ПРВА СВЕТСКА ВОЈНА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА НОВАЦИ

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php