«

»

Nov 14

Новаци и Коломбел потпишаа меморандум за разбирање и соработка

2

На покана на градоначалникот на општина Коломбел Франција, делегација на општина Новаци присуствуваше на свеченоста по повод Меѓународниот ден на примирјето од Првата светска војна на 11 ноември 2016 година. По завршувањето на свечената церемонија беше потпишан и Меморандум за разбирање помеѓу двете општини со што се одредија насоките за понатамошната соработка.

„ Голема благодарност за поканата но и за гостопримството за градоначалникот на Коломбел, Марк Потје кој ја има посетено општина Новаци пред две години. Бидејќи јас бев во работна посета на Австралија општинска делегација присуствуваше на свеченоста кога и беше потпишан меморандумот. Тоа значи дека понатаму ќе соработуваме покрај на тема историја и сеќавање на Источниот фронт во Прва светска војна, меѓусебна соработка и размена на млади луѓе, соработка помеѓу училиштата, култура, економски развој и локална демократија.  “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
3

Во рамките на својата посета четири члената делегација од општина Новаци го посети основното училиште, новиот индустриски дел , руската црква Св. Сергеј, фабриката за согорување на отпад кој се користи за производство на топлинска енергија  и старата фабрика за челик во Коломбел. Исто така беше и во Медијатеката во Коломбел каде беше поставена изложба на фотографии од Прва светска војна сликани на територијата на општина Новаци, при што беше презентирано истражувањето за Источниот фронт од страна на  професорот Ерик Аларт. Петдневната посета на Франција заврши со посета прекрасното туристичкото место Mont Saint Michel.

„ Пред еден месец француска делегација од Коломбел беше во Новаци кога ни беше претставена нивната идеја догодина во исто време да биде свечено претставен споменикот на паднатите борци од Прва светска војна. Тоа значи дека на постоечкиот споменик ќе се постават уште четири плочи со испишани имиња на загинатите војници и цивилно население од Франција, Македонија, Нигер и Германија. Ние како општина се разбира дека ќе се вклучиме во изградба на споменикот и пронаоѓање на имиња на загинатите кои се бореле на т.н Солунски фронт во Прва светска војна на нашите простори. “ рече Котевски.

Во чест на делегацијата од општина Новаци, домаќините за време на петдневниот престој пред општина Коломбел го поставија македонското знаме а за време на свечената церемонија, воен оркестар ја интонираше македонската химна.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php