«

»

Nov 08

Трибина на тема „Влијанието на интернетот врз културата на децата“ во општина Новаци

15025219_722951264531706_5159180202972812616_o

Културно иновативниот клуб и ЦОУ„Славко Лумбарковски“Новаци со заедничка соработка го реализираа првото предавање од темата „Влијанието на интернетот врз културата на децата“.

„Во денешно време кога интернетот е длабоко инкорпориран во општествената средина, речиси е неможно да останеме имуни и да го занемариме фактот дека со неговата инкорпорација освен бенефитите кои ги добиваме од него, ги поднесуваме и негативните последици и влијанија. Заради достапноста на голем број содржини кои што со нивната суштественост се експонирани на многу широк дијапазон на возрасни групи,од кои што најранлива е детската популација,се јавува еден дисконтинуитет односно неповрзаност во адекватното разбирање и восприемање на тие содржини. Доаѓа до конфликт помеѓу возраста и суштината на содржините,што пак придонесува за не еластичност на се` уште неоформениот детски светоглед. Заради неможноста таа ранлива група да биде постојано контролирана првенствено од своите родители, па понатаму и од своите едукатори,а со цел да се преземат соодветни мерки за заштита од тие влијанија потребно е да се укаже за неоспорната вистина со која се соочуваме.“ вели Елизабета Јончик – КИК Новаци.

На денешното предавање на кое му претходеше интерактивна дебата „за“ или „против“ социјалните мрежи,турски серии, турбо фолк музика и интернет игри, се покажа огромна заинтересираност на учениците за позитивните и негативните ефекти кои ги предизвикуваат.

Предавањата се во согласност со годишните програми на клубот и училиштето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php