«

»

Oct 28

Се гради атмосферска канализација во Добромири, Горно и Долно Агларци и Далбеговци

14826242_10154667350368988_998228593_n

Во тек е изградбата на атмосферска канализација во селата: Добромири, Горно, Долно Агларци и Далбеговци со вкупна  должина од околу 3 км во вредност од 5,5 милиони денари со средства обезбедени од Министерство за животна средина и просторно планирање на РМ и Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.

„Во моментот се работи на изградба на атмосферска канализација односно бетонски канал во четири села: Добромири со должина од 250 метри вредност од 881 000 денари , Горно Аглраци со должина од 480 метри вредност 850 000 денари  и Долно Агларци должина од 400 метри а вредност 750 000 денари. Средствата за оваа атмосферска канализација се обезбедени од Министерство за ќивотна средина и просторно планирање на РМ преку Фондот за фосилни горива додека вои Далбеговци должината на каналот изнесува 1,5 км и чини 3 милиони денари а средствата се обезбедени од ЦРППР.   “  рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Атмосферската канализација се гради со цел собирање на дождовната атмосферска вода , која од тука ќе се одводнува преку другата каналска мрежа и ќе се дистрибуира до река Црна која е главен реципиент.

Ова е редовна активност на општина Новаци и еден вид превентивна мерка за спречување од поплави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php