«

»

Oct 06

Поставени се пет сета маси и клупи на Церова Полјана и Лаките

20160929_120954

Во рамките на имплементацијата на проектот од програмата за прекугранична соработка Македонија – Грција „Жива историја, жива природа 2“ реализирана е една од многу активности за поставување на 5 сета маса и клупи на однапред определени природно историски точки на територијата на општина Новаци.

 

„Поставени се пет сета маса со две клупи од кои 2 сета на Церова Полјана и 3 сета кај Лаките во рамките на имплементацијата на проектот „Жива историја, жива природа 2“. На оваа месност претходно е направено и деминирање на теренот од неексплодирани убојни средства останати од Прва светска војна и поставена е и табла дека теренот е безбеден за движење. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

 

Од општина Новаци велат дека за скоро време ќе се постават и туристички инфо табли и патокази за промоција на природните, културните и историските убавини со кои изобилува општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php