Monthly Archive: October 2016

Oct 31

Општина Новаци ќе постави стативи за велосипеди во 8 населени места

Општина Новаци ќе постави 11 стативи за велосипеди во 8 населени места кои ќе бидат монтирани пред поважните уста

Oct 28

Се гради атмосферска канализација во Добромири, Горно и Долно Агларци и Далбеговци

Во тек е изградбата на атмосферска канализација во селата: Добромири, Горно, Долно Агларци и Далбеговци со вкупна  должина од околу 3 км во вредност од 5,5 милиони денари со средства обезбедени од Министерство за животна средина и просторно планирање на РМ и Центарот за развој на пелагонискиот плански регион.

Oct 26

Градоначалникот Котевски на меѓународна конференција за унапредување на економскиот развој во Пелагонија

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска учествува на меѓународната конференција за „Унапредување на економскиот развој во пелагонискиот плански регион “ а ќе оствари и Б2Б средби со компании од регионите на Пелагонија и Измир.

Oct 25

Завршна конференција на проектот „Жива историја, жива природа 2“ во Алмопиа

Грчкиот парнер на општина Новаци, Алмопиа викендов направи презентација на сите постигнати резултати во текот на имплементацијата на проектот од програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција 2007-2013 „ Жива историја, жива природа 2“, на завршната конференција која се одржа во хотелот „Четири сезони“ во Лутраки.

Oct 19

Со француска поддршка Новаци ќе развива меморијален туризам

Општина Новаци домаќин на француската делегација од Коломбел со која уште пред две години започнале соработка за истражување , означување , чистење и документирање на позначајни места, локации и споменици од првата светска војна  на територијата на општина Новаци денеска беа презентирани резултатите од валоризацијата.

Oct 17

Се одржаа 16-тите Пелагониски научни културни средби во општина Новаци

Викендов во салата на општина Новаци по 16-ти пат успешно беа организирани  Пелагониските културно научни средби. Како резултат на оваа научна манифестација низ годините произлегоа многу трудови и исто толку зборници. Средбите за прв пат беа организирани во 2001 -та  година и досега учество зеле голем број научни дејци.

Oct 10

Асфалтирањето на локални патишта и улици во Општина Новаци во полн ек

Деновиве интензивно се работи на асфалтирање на локалните патишта и улици на територијата на општина Новаци согласно Програмата која е донесена од Советот за тековната 2016 година.

Oct 08

Продолжува одличната македонско хрватска соработка

Во просториите на Младинскиот културен центар Новаци гости беа актерите од Пучка сцена на Хрватската библиотека од Херцеговац, Република Хрватска и претставници на Македонско-Хрватското друштво Марко Марулиќ од Битола.

Oct 06

Поставени се пет сета маси и клупи на Церова Полјана и Лаките

Во рамките на имплементацијата на проектот од програмата за прекугранична соработка Македонија – Грција „Жива историја, жива природа 2“ реализирана е една од многу активности за поставување на 5 сета маса и клупи на однапред определени природно историски точки на територијата на општина Новаци.

Oct 05

Советот на општина Новаци ја одржа 58-мата седница

  Советот на општина Новаци ја одржа 58-мата седница на дневен ред на која се разгледуваа и се разправаа за десеттина точки на дневен ред.

Older posts «

css.php