«

»

Sep 07

„Бела ноќ“ во чест на 8 Септември- Денот на независноста на РМ во општина Новаци

DSC_5630

И оштина Новаци со свои активности и манифестации се вклучува во „Бела ноќ“ која Владата ја организира по повод 8-ми септември и 25- годишнината од независноста на Република Македонија.

Денеска 07.09 со почеток во 13 часот во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци ќе се одржи ликовна изложба на најдобро нацртано македонско знаме во која учество ќе земат учениците од оваа образовна институција.

Исто така денес и утре ќе биде организирана хуманитарна акција на доделување на пакетчиња со школски прибор за дечињата од социјално загрозените категории како и доделување на пакети со храна за социјално загрозените семејства.

На денот на самиот празник започнува македонската „ Етно свадба“ која трета година по ред се одржува во општина Новаци.

08.09.2016 г. ( четврток) во 16 часот по сите македонски обичаи и традиции  градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски со неговата сопруга Пеша ќе ги канат кумот и деверот. Настанот ќе биде збогатен со три културно уметнички фолкорни друштва од Новаци, Могила и Гермијан.

Следниот ден 09.09.2016 г. (петок) Етно свадбата ќе започне во 15 часот од дворот на општина Новаци каде ќе се започне со канење на жителите на општина Новаци  да присуствуваат на ова етно свадба традиционална со карта, вино и народни носии. Во 20 часот во општинскиот двор ќе се одржи изложба на традиционална народна носија од Пелагонискиот и мариовскиот регион.

Сабота 10.09.2016 г. Во 12 часот етно свадбата ќе започне со традиционално забрикување на зетот, замесување на тесто од страна на сваќата, спремање на поворката која ќе тргне од дворот на Општина Новаци и упатување во домот на Николче и Славица Цветковски од каде ќе се земе невестата со традиционално т.н „купување“.

Венчавката на овогодишниот пар Пеце ( 41 г) и Весна ( 26 г.) талевски од Новаци ќе се одржи во црквата Св. Атанасиј во Новаци. Овој брачен пар е веќе 5 години во граѓански брак но немаат направено црковна венчавка. Имаат две деца.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php