«

»

Aug 12

Новаци домаќин на првата меѓународна книжевна манифестација „Kнижевни паметења“

DSC_0070

Во новите простории на Младинскиот културен центар кои неодамна беа пуштени во употреба се одржа првата Меѓународна книжевна манифестација „Книжевни паметења“.

             Конечно и Општината Новаци може да се пофали со искучителен настан од областа на книжевноста кој е реализиран во рамките на Топлиот културен бран, поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и Општината Новаци.

Имено, станува збор за Меѓународната манифестација „Книжевни паметења“, која се одржува под мотото: „Книжевноста како космополитизам во Европа и кај нас“, со која всушност се дава еден траен белег на моќта на книжевноста како космополитистички мост на повеќе ентитети на едно место.

Тоа всушност го покажаа и писателите гости од седум држави и тоа од: Бугарија, Романија, Словенија, Србија, Хрватска, Монголија и Чешка. Се разбира меѓу триесетината  стански гости, присутни беа и гостите од Македонија.

Гостите писатели примени беа од градоначалникот на Општината Новаци, Лазар Котевски кој меѓудругото истакна дека Новаци е мала Општина, но секогаш гостопримлива и подготвена да прими гости од највисок ранг.

Притоа тој напомена дека Општината Новаци секогаш е тука за да ги истакне културните вредности како на Република Македонија, така и на другите.

„Ние со воодушевување секогаш ги прифаќаме новите предизвици, а за нас оваа манифестација секако е предизвик бидејќи за прв пат кај нас гостуваат вакви писатели кои се високо етаблирани во литературите во своите држави“, додаде градоначалникот Лазар Котевски.

Манифестацијата за отворена ја прогласи градоначалникот на Општината Новаци, Лазар Котевски, а пред новачката публика настапија писателите: Желјаз Кондев, Кунка Кондева, Демир Демирев, Панајот Митев и Вања Ангелова од Бугарија, потоа Флорентина Лоредана Далиан, Флорин М. Чоча и Корнелиу Антониу од Романија, па следеше гостинката од Словенија, Наташа Швикарт – Жумер, потоа настапија Виктор Б. Шеќеровски и Искра Пенева од Србија, па следеа Валерио Орлиќ, Анџелка Корчуланиќ, Срѓан Духовиќ и Дамир Трогрлиќ-Вас од Хрватска, потоа претставникот на Монголија, Леетив Намдаг Жанчивин, кој воедно е и конзул на Монголија во Република Македонија, па следеше и Милан Либигер од Чешка.

Што се однесува до македонските писатели настапија: Раде Силјан, Јордан Плевнеш, Димитар Пандев, Кочо Топузоски, Радован П. Цветковски, Никола Кочовски, Петре Димовски, Панде Манојлов, Васил Тоциновски, Трајче Кацаров, Христо Петрески, Зоран Пејковски, Златко Жоглев, Валентина Гулевска, Кире Неделковски, Димо Димчев, Весна Мундишевска-Велјановска, Славчо Ковилоски, Милица Димитријовска – Радевска, Диме Ратајкоски, Мирјана Стојановска, Даниела Андоновска – Трајковска, Гордана Стојаноска, Игор Крајчев, Билјана Т. Димко и Елизабета Јончиќ.

Исто така градоначалникот Лазар Котевски приреди и свечен ручек за гостите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php