«

»

Jul 28

Советот на општина Новаци ја одржа 55 –тата седница

DSC_6104

С

Советниците во Советот на општина Новаци ја одржаа 55-тата седница на која разгледаа, дискутираа и изгласаа околу 15-тина точки кои се најдоа на денешениот дневен ред.

На самиот почеток по усвојувањето на записникот за претходната седница, беше усвоен кварталниот извештај за извршувањњето на буџетот за извештајниот период 01.01.2016 – 30.06.2016 година.

Потоа беа донесени неколку предлог одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичко-планска документација и тоа за Црквата ,,Св Стефан,, с.Гнеотино КО Брод, објект столбна трафостаница ТС 10?0,4 КВ КО Сливица,  за приватни објекти за КО Новаци и КО Гермијан, како и објект на Македонски Телеком а.д Скопје.

Советниците разгледаа и усвоија две предлог одлуки и тоа за донесување урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши промена на траса на собраќајната инфраструктура или инфраструктурата нема  да се предвиди во урбанистичко планска документација(КП бр.1443 КО Новаци, како и за пристапување кон изработка на Локална урбанистичко-планска документација за изградба на стопански комплекс на КП 497, 498, 499, 501, 3167, и 3168 м.в. Рамниште, КО Брод и една предлог програма за измени и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Новаци за 2016 година.

Советниците донесоа одлука за субвенционирањена граѓаните на општина Новаци при купување на велосипед

Исто така на самиот крај на денешната седница беше разгледано барањето од физичко лице за одобрување финансиски средства за лекување .

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php