«

»

Jul 20

Советот на ЦРППР го донесе ребалансот на буџетот за 2016

62b4e695-911e-4fca-b635-bea8504f7aba

Сите измени и дополнувања на Годишниот финансиски план на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион се од таканаречена несуштинска природа. Нема воведување на нови ставки, нови трошоци, ниту пак скратување на постоечките износи. Сите измени, главно, претставуваат внатрешно трансферирање и прераспоредување на планираните средства.

Ова беше констатирано на редовната 16- та седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион со кој што раководеше претседателот д-р Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Општина Ресен што се одржа во седиштето на Општина Демир Хисар.

Како што информира директорката на Центарот, Емилија Ѓероска, годишниот буџет на стручната служба е позициониран на 1 милион и 200 илјади денари, годишна буџетска дотација од Министерството за локална самоуправа, што, како што рече Ѓероска, претставува околу една третина од вкупните годишни потреби за алиментирање на сите трошоци на Центарот.

Пред присутните градоначалници на Ресен, Новаци, Демир Хисар, Долнени и Кривогаштани, беше презентиран и новиот Правилник за систематизација на работните места во администрацијата на Центарот. Со новиот Правилник, се систематизирани 13 работни места и едно ново Одделение за меѓународна соработка и промоција. Присутните градоначалници ја прифатија аргументацијата на директорката Ѓероска, дека сите активности на Центарот, во моментов ги опслужува тим од само 5 постојано вработени лица и дека се сосема оправдани потребите од дополнителни вработувања.

Во општиот претрес на предложениот Правилник, на предлог на градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски, а сите градоначалниците го поддржаа , понатаму во долгорочните кадровски проекции и планирањето на новите потреби на Центарот, да се води сметка за правична застапеност при новите вработувана на соодветен стручен кадар на сите општини, основачи на Центарот.

Пред крајот на седницата, Ѓероска ги информира градоначалниците за интензитетот на активностите околу претстојната организација на Меѓународна конференција за бизнис средби со компании од Република Турција. Градоначалниците ја прифатија аргументацијата за можно терминско поместување на одржувањето што беше планирано за почетокот на октомври заради актуелната политичка состојба во оваа земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php