«

»

Jun 27

100 учесници на „Џип Турата во Мариово “

13490645_1231384630218766_2400750173494864618_o

Викендов се одржа „Џип Турнеја низ Мариово “. Збирното место за тргнување беше седум часот од општина Новаци на 25 јуни а заврши во вечерните часови. Џип турнејата претставува туристичко возење по шумски патеки во должина од 160 -200 км низ мариовскиот крај со единствена цел запознавање со убавините на Мариово, културно историските споменици и развој на алтернативните спортови и руралниот туризам.

 

„ Џип турнејата се одржува во Мариово општина Новаци, а покровител е градоначалникот Лазар Котевски и општина Новаци. Се тргнува од Новаци се оди преку преку селата Рибарци, Гнеотино, Брод, Живојно, Совиќ, Старо село па пристигнување на групата во с. Скочивир, каде имаше прва пауза. Потоа 9родолжување на турата преку селата Сливица, Полог, Гнилеж пристигнување во с.Грумази, посета на црквата Св.Воскресение Христово, и се направи втора пауза. Продолжување на турата преку селата Брник, Рапеш, пристигнување во с.Маково, посета на манастир Св.Петка и ручек. Потоа во попладневните часови организирано враќање на почетната точка  и  затворање на џип турата.“ рече Лазар Котевски, градоначалник.

13522738_1231385053552057_3533952385801166613_o

На џип турата учество зедоа  повеќе од  100 –тина учесници со 30 тина џипа. Општина Новаци обезбедува освежување и ручек за секој учесник како и гориво за секој учесник.
Џип турата е трета промотивна тура која се организира во рамките на ИПА прекуграничниот проект  „Жива историја жива природа 2 “ кој општина Новаци го реализира во партнерство со општина Алмопиа, Грција. Минатата недела беше организирана велосипедста тура на која учество зедоа 40 велосипедисти а пред еден месец беше организирана планинарска тура на која учество зедоа 160 планинари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php