«

»

Jun 23

  Во тек е превентивна теристичка дезинсекција  и систематска дератизација во општина Новаци

 

 11887753_10153560640708988_8842056401410176890_o

Деновиве екипа на Центарот за јавно здравје Битола ја спроведува системската дезинсекција за уништување на комарците и другите штетни инсекти  на подрачјето на општина Новаци, како општа превентивна противепидемиска мерка за спречување на појава на заразни болести.

„ Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РМ , а врз основа на одлуката на Советот на општина Новаци на територијата на нашата општина  се спроведува превентивна системска дезинсекција и дератизација како против епидемиска мерка. Дезинсекцијата се врши со три третмани и тоа во месеците јуни-јули-август со интервали помеѓу третирањата од 26-30 дена.“ вели Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.

IMG_20150430_121835[1]

Дезинсекцијата ќе се спроведува од земја со апаратура од УЛВ ладно запрашување поставена на пикап возило, на кое ќе му претходи друго возило означено со ротационо светло .Третирањето ќе се изведува со препаратот АЉУА К-ОТХРИНЕ со активна супстанца ДЕЛТАМЕТРИН.

Со овие превентивни мерки ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на река Црна,подрачјата околу каналскиот систем , локалитетите со застојани водени површини,урбани населби и локалитети предвидени спроред планот и програмата.

Заради избегнување на сите несакани последици  известени се медиумите,здравствените институции, здруженијата на пчелари  и сл.Во случај на појава на неповолни временски услови (ветер и дожд ) дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.

Со реализација на дезинсекцијата се обезбедува елиминација на инфестацијата т.е ефикасно сузбивање на комарците, безбедност за луѓето и животните и висока еколошка одговорност на заедницата.

 

Првата фаза од пролетната систематска дератизација се врши со поставување на мамци за уништување на глодари (глувци) и тоа на следните локации: дератизација на подземниот канализациски систем во с. Новаци, дератизација на прифатниот канализационен систем на инфестирани објекти од посебен јавен интерес ( 25 шахти), центар за ран детски развој Бамбиво с.Новаци, ЦОУ „ Славко Лумбарковски“  Новаци амбулантата, општината, полициската станица и поштата во Новаци.Исто така ќе се направи и дератизација на јавната депонија во Мегленци.  Активностите ги спроведуваат екипи на Центарот за јавно здравје Битола со претставник од ЈКП Комунална Хигиена Новаци.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php