«

»

Jun 20

Советот на општина Новаци ја одржа 52 рата седница

13329473_1218077388216157_7999688433824895084_o

Советниците во Советот на општина Новаци трет пат се сретнуваат во месец јуни на 52 рата седница на која расправа и изгласаа околу петнаесеттина точки на дневен ред.

На самиот почеток по усвојувањето на записникот за претходната седница беа донесени неколку предлог одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичка планска докуемнтацвија за с.Новаци,  беше разгледана соработката помеѓу ДПД Пегаз Еду од Битола и општина Новаци како и барањето од МПЦ-ОА Преспанско пелагониска православна епархија за одобрување на финансиски средства за приклучок на дистибутивната мрежа на EVN Макеоднија за манастирот СВ.Недела с. Сливица.

Советниците им одобрија донација – гориво на шумската полиција за ефективно спречување појава на пожари на територијата на Општина Новаци, беше разгледано и одобрено барањето од Месната заедница Долно Орехово за одобурвање на тампон за санирање на патот до манастирот Св.Филип.

Советот на општина Новаци донесе Одлука за измена и дополнување на листа за определување  на имиња и улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на подрачјето на општина Новаци.

Беа одобрени и средства за лекување на физичко лице.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php