«

»

Jun 07

Советот на општина Новаци ја одржа 51 –вата седница

13329473_1218077388216157_7999688433824895084_o

Советниците во Советот на општина Новаци втор пат се сретнуваат на почетокот на месец јуни а на 51 вата седница расправа и изгласаа околу дваесеттина точки на дневен ред.

На самиот почеток по усвојувањето на записникот за претходната седница беа донесени неколку одлуки и тоа: за одобрување изработка на проектна документација и реализација на Проект водовод во с.Мегленци, за одобрување на средства за Реновирање на објект поранешен ,,Спортски клуб,, во с.Добромири и за одобрување на средства за хотелско сместување и исхрана  на преставници од општина Хрпеље Козина, Словенија и општина Ланиште, Хрватска.

Се разгледаа и доборија неколку барања и тоа: од Храм Свети Никола с.Градешница, за реконсрукција на кујна при манастирот Св.Илија-Брен, од М.З. с.Градешница за одобрување на средства за набавка на водоводни бетонски цевки(Ф6), од КУД ,,Новаци,, с.Новаци, за одобрување на средства за автобуски превоз за учество на концерт во Добриништа-Република Бугарија и за учество на поречки средби во Македонски Брод, од ПСК ,,Ѓорѓи Наумов,,Битола, за одобрување на средства за реконструкција на планинарскиот дом ,,Неолица,, и од фудбалски клуб ФК Новаци 2005 Новаци за одобрување финансиски средства за меморијален турнир ,,Пеце Матичевски.

Советниците донесоа и одлука за одобрување изработка на проектна документација и реализација на Проект-Реконструкција на трем на црквата Св.Никола с.Брод.

На оваа седница советниците беа информирани за одржувањето на свечената седница на Советот на 14 јуни со претставницте од збратимената општина Хрпеље Козина од Словенија.

Советот одобри и неколку барања од емсни заедници и тоа: МЗ с.Живојно за изградба на водовод од извор близу манастирот Св.Петка до манастирот Св.Илија с.Живојно,  Црковен одбор с.Живојно за одобрување набавка на 1 камион песок(10 м3) за трпезаријата во склоп на манастирот Св.Илија, Здружение на граѓани ,, СМЕЧ,, с.Маково,Новаци за одбрување на средства за организирање на Џип турнеја, МЗ с.Зовиќ за поставување на улично осветлување од с.Зовиќ до камениот мост на Градешка река, црковен одбор на манастирот Св.Никола с.Суводол за ископ на канал (50м должина и 0,40см длабочина),.

Советот на општина Новаци донесе одлука за  отпочнување постапка за изработка на Општи акти за селата-Сливица,Арматуш, Живојно, Скочивир, Маково, Рапеш,Будимирци и Добровени, одлука за изработка и одобрување на Проект за инфраструктура за регулација на корито на река Коњарка и изградба  на кеј, пешачка патека и паркинг простор на КП 486, 487, 480/1, 480/2, 481/2, 476, 167 КО Скочивир како и одлука за одобрување на средства за ангажирање на возила за Екстерното тестирање на подрачните училишта по релаци:1.Бач-Гермијан-Живојно, 2.Рапеш-Маково-Арматуш, 3.Рибарци-Гнеотино,4.Тепавци

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php