«

»

May 31

Советот на Општина Новаци ја одржа педесеттата седница

 

 DSC_9092

Советниците на Советот на општина Новаци ја одржаа педесеттата седница на која разгледаа и расправаа за дваесеттина точки кои се најдоа на дневниот ред.

Како и обично седницата започна со усвојување на записникот за претходната седница а потоа продолжи со одобрување на  четири предлог одлуки и тоа за измена на распоредот на средства на буџетот на општина Новаци за 2016 година, за проширување на средства на буџетот на општина Новаци , за проширување на средства на буџетот на општина Новаци за 2016 година како и предлог одлука за утврдување на услови за начинот на градење во село Градешница, општина Новаци за кое нема урбанистички план.

Седницата опродолжи со усвојување на Нацрт Методологијата за определување  на критериуми за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани и фондации од буџетот на општина Новаци, предлог  програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Новаци за 2016 година и одлуката за одобрување на средства за згрижување на кучињата скитници.

Потоа следеше според дневниот ред на 50-тата седница разгледување а потоа и донесување на пет одлуки и тоа за : изработка на проектна документација за брана во с.Живојно, изградба на автобуска постојка во с.Живојно , изградба на детски парк во с.Новаци (локација покрај 10-ти канал) , одлука за поништување на Одлука за трајно отстапување на патничко возило на ОУ,,Славко Лумбарковски,, с.Новаци (ланос) и Одлука за започнување на постапка за продажба на подвижни ствари ( патнички возила-1шкода фелиција,1 ланос, 2 комбиња, 1 автобус-неисправна состојба).

На оваа седница на Советот на Општина Новаци се најдоа и неколку точки како дополнување на дневниот ред кои беа усвоени од страна на советниците.

Имено беа одобрени неколку барања :  од МЗс.Орле за изведба на градежни работи (малтерисување внатрешно и надворешно) на трпезаријата на цркватаСв.Недела и изградба на две(2) газилишта, од МЗ с.Орехово за одобрување на средства за набавка на градежни матерјали (15 вреќи цемент), од Здружение за ревитализација на с.Груниште за одобрување на средства за градежни материјали за потребите на манастирот Св.Петка .

На Здружението Пелагониски научни средби  им се одобрени финансиски средства за печатење на Зборник бр.11.

Одобрени се две барања од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ Новаци за превоз на учесниците во проектот ,,Мултикултурно живеење, наша заедничка иднина“ и за изработка на спомен плоча, која ќе биде поставена на спортската сала.

Советниците дадоа зелено светло за барањето на Храм ,,Св Атанасиј Велики,, с.Новаци за одобрување финансиски средства за набавка на црковно ѕвоно(камбана), на Здружение ,,Рурална Жена,, с.Гермијан за одобрување на средства за автобуски превоз, предлог-Одлука за утврдување на потреба од поставување на урбана опрема-јарбол за истакнување на државното знаме во Новаци, две предлог-Одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти во идна урбанистичко-планска документација за с.Новаци и донесоа о длука за отпочнување на процесот на ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Новаци од сите ризици и опасности.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php