«

»

May 17

Започна санирањето на полските патишта во општина Новаци

13227347_1202660116424551_8835522116758211009_o

Започна санирањето на полските патишта на територијата на општина Новаци кои не беа реализирани согласно програмата за реконструкција и одржување на полски патишта на територијата на оваа локална самоуправа за  2015 година.

„ Со подобрувањето на временските услови започнавме со досанирање и реконструкција на полските патишта на територијата на општина Ноавци кои беа предвидени со програмата за 2015 година. Имено со овој документ беше предвидено да бидат опфатени полските патишта во 14 села и тоа: Горно И долно Агларци, Далбеговци, Новаци, Добромири, Рибарци, Гнеотино, Брод, Живојно, Бач, Гермијан, Арматуш, Мегленци и Долно Орехово. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Вкупната вредност на овие градежни работи изнесува  околу 6 милиони денари а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php