«

»

May 05

Нови опремени простории за НВО секторот во Општина Новаци

13131733_1197360940287802_2623638878358530687_o

По целосната реконструкција на објектот за кој се погрижи општина Новаци, Центарот за развој на пелагонискиот плански регион го промовираше опремувањето на младинскиот културен центар во оваа општина. Овој центар со подршка на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој  изврши комплетно уредување на просториите  младинскиот центар. Вкупната вредност на проектот изнесува  2.564.314 денари. Во целокупната инвестиција  е вклучена и општина Новаци со учество од 18%. Младинскиот центар е опремен со најразличен канцелариски инвентар и се она што е потребно за во иднина  непречено да функционира  и да се реализираат најразлични активности, настани, проекти, кои што пак ќе придонесат за унапредувањето на социјалниот  и културниот живот во општина Новаци.

-Со уредувањето на младинскиот културен центар се обезбедуваат услови за реализација на настани од различен вид, културни, едукативни, забавни настани и собири. Младинскиот културен центар ќе претставува катче за социјализација и креативно дружење на младите, но истиот ќе биде погоден и за различни настани наменети за сите возрасни групи на граѓани од општина Новаци. Со опремувањето на младинскиот културен центар се обезбедуваат услови за активирање на младите во различни активности, настани и проекти кои ќе придонесат за унапредување на социјалниот и културниот живот во Општина Новаци, изјави Емилиа Ѓероска директор на ЦРППР-Битола.

13119824_1197361543621075_4020676919725688227_o

Наскоро се очекува овој центар и свечено да биде пуштен во употреба. До тогаш ќе се знае и кој се ќе може да ги користи просториите и што се ќе може да се организира во истите.

-Порано оваа зграда беше целосно руинирана, сега доби комлетно нов лик.Ќе можат да го користат сите заинтересирани страни, невладини организации итн. Долниот спрат од оваа установа се деловни простории кои што општина Новаци планира да ги издава. Денес не е свечено отварање, зградата ќе биде пуштена во употреба дополнително. Општина Новаци инвестира во овај проект 5 милиони и 800 илјади денари, а го доби на користење од УЈП со потврда од Владата на Р.М., изјави Лазар Котевски градоначалник на општина Новаци.

13131771_1197360833621146_6227017939385585073_o

Ова е еден од 10 те проекти кои минатата година беа одобрени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој во Република Македонија, а чиј апликант е ЦРППР. Вкупната вредност на сите 10 проекти изнесува 1 милион евра.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php