Monthly Archive: May 2016

May 31

Советот на Општина Новаци ја одржа педесеттата седница

    Советниците на Советот на општина Новаци ја одржаа педесеттата седница на која разгледаа и расправаа за дваесеттина точки кои се најдоа на дневниот ред.

May 30

Трет координативен состанок за проектот „Жива историја ,Жива природа 2 “

Денеска во општина Новаци се одржа третиот координативен состанок за прогресот и текот на имплементацијата на проектот „Жива историја, жива природа 2“ со грчките партнери од општина Алмопиа.

May 25

Започна изградбата на првата детската градинка во Новаци

Поставен е камен темелник со кој се означи започнувањето на градежните работи околу доградбата на детската градинка во Новаци во присуство на министерот за труд и социјална политика на РМ, Диме Спасов, градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски, пратеничката Мирјана Хаџиевска , дечињата од Центарот за ран детски развој Бамби, мноштво жители на општина Новаци …

Continue reading »

May 23

Масовен одѕив на планинарската тура низ Мариово

Општина Новаци во рамките на проектот „ Жива историја, жива природа 2“ во неделата на 22.05.2016 година ја организираше  планинарска тура низ Мариово. На овој планинарски марш кој наиде на голема масовност учество зедоа 160 планинари.

May 18

15-тата седница на Советот за развој на Пелагонискиот регион се одржа во општина Новаци

На денешната 15- та седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион која се одржа во новите простории на деловниот центар во Новаци  градоначалниците на деветте општини разгледаа околу десеттина точки кои се најдоа на денешниот дневен ред

May 17

Започна санирањето на полските патишта во општина Новаци

Започна санирањето на полските патишта на територијата на општина Новаци кои не беа реализирани согласно програмата за реконструкција и одржување на полски патишта на територијата на оваа локална самоуправа за  2015 година.

May 16

Општина Новаци на Генерално собрание на АЛДА во Франција

Двочлена делегација на општина Новаци во периодот 11-14 мај претстојуваше во Париз, Франција каде во Министерството за надворешни работи на Р.Франција се одржуваше Генерално собрание на интернационалната мрежа на организации АЛДА чиј член е и општина Новаци.

May 11

„Отворени денови на Катастар“ во општина Новаци

По барање на жителите на  Новаци , локалната самоуправа побара да се организира  акцијата “Отворени денови на Катастар“ која денеска се одвиваше во оваа рурална општина во Пелагонија.

May 10

Велосипедска тура „Возејќи по линијата на фронтот на Прва светска војна “ на територијата на општина Новаци

Во рамките на Балканската конференција за активен туризам кој деновиве се одржува во Охрид, во општина Новаци се возеше бајкинг тура  „Ден на авантура“.

May 06

Бетонирање на канал за атмосферски води покрај патот Гнеотино -Брод кој беше срушен од поплавите

Со подобрување на временските прилики започнаа градежните работи на територијата на Општина Новаци . Еден од претходно зацртаните проекти беше и бетонирањето на каналот за атмосферска вода покрај патот Гнеотино – Брод кој беше оштетен од минатогодишните невидени поплави кои ја зафатија оваа пелагониска општина.

Older posts «

css.php