Monthly Archive: March 2016

Mar 17

Заменик министерот за земјоделство Костадиновски во посета на општина Новаци

Заменик министерот за земјоделство шумарство и водостопанство  ја посети општина Новаци и оствари директна средба со градоначачникот Лазар Котевски, жителите, младите и земјоделци од оваа општина. Ја искористи можноста да им ги соопшти новините што ги носат измените во Законот за земјоделство и рурален развој, според кои сточарите ќе може да користат државна помош на …

Continue reading »

Mar 16

Јавен повик за ангажирање на волонтери во општина Новаци

Почитувани, Врз основа на Програмата за волонтерство на општина Новаци за 2016 година, општината објавува Јавен повик за ангажирање на волонтери во општина Новаци. Повикот можете да го најдете ТУКА.

Mar 15

Советот на општина Новаци ја одржа 47-та седница

По усвојувањето на записникот за претходната седница, советниците започнаа со разгледување на дневниот ред за денешната 47-ма седница на кој имаше околу триесеттина точки.

Mar 14

Превентивни мерки од поплави и следење на водотеците на територијата на општина Новаци

Поради врнежливиот период кој деновиве ја зафати цела држава будно се следи состојбата со водостојот на река Црна и се чисти каналскиот систем на територијата на општина Новаци, со цел да се спречи евентуална појава на поплави.

Mar 14

Општинско – корисна работа 2016

Почитувани, На следниот ЛИНК се наоѓа иновативната веб алатка “Моја општина”, на која вие, жителите на општина Новаци можете можете да ги дефинирате приоритетите од социјалната сфера во општината, а со тоа да дадете свој придонес кон креирањето на соодветен проект од ова област. Одберете ја општина Новаци, и дефинирајте ги вашите три приоритети.

Mar 11

Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови

Почитувани, Повикот за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови од членот 7 од Законот за Просторно и Урбанистичко планирање можете да го најдете ТУКА.

Mar 11

Оглас за ангажман на надворешно лице – Логистичар за испорака на обука за фотографирање

Почитувани, Општина Новаци за потребите на проектот “Жива Историја, Жива природа 2”, грант број IPA 2010/DN 023657/CN 357019 и бр. 03-60/3, објавува оглас за ангажман на надворешно лице – Логистичар за испорака на обука за фотографирање за природните и историските патеки, во рамките на активноста 5.1 Вклучување на уметноста – Крстопатите на природата и историјата во рамките на …

Continue reading »

Mar 08

Оглас за ангажман на надворешни експерти за испорака на обука за фотографирање

Почитувани, Општина Новаци за потребите на проектот “Жива Историја, Жива природа 2”, грант број IPA 2010/DN 023657/CN 357019 и бр. 03-60/3, објавува оглас за ангажман на ќетворица надворешни експерти за испорака на обука за фотографирање за природните и историските патеки, во рамките на активноста 5.1 Вклучување на уметноста – Крстопатите на природата и историјата во рамките на …

Continue reading »

Mar 07

КИК Новаци со театарска претстава во Хрватска

Културно иновативниот клуб Новаци учествуваше на 22-рото издание на Фестивалот кој го негува аматерскиот театар на покана на хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ од Битола.

» Newer posts

css.php