«

»

Mar 28

Пролетна акција за чистење на чистење на невладиниот сектор

1917524_1261011587259956_349548073738339673_n

Предвидената  Еко-акција иницирана и организирана од ЈП„Комунална хигиена“ Новаци и Културно иновативниот клуб Новаци покажа еден успешен заеднички труд кој ги обедини граѓаните на Општина Новаци.

Директорот на  ЈП„Комунална хигиена“ Новаци  Горан Велјановски нагласи дека овие акции треба да ја подигнат свеста на граѓаните за нивната лична одговорност за чистотата и уредноста на општината.„Покрај стандардната работа околу активности за чистење, исфрлање на отпад и уредување на зелените површини , во иднина од наша страна ќе се  спроведат и едукативни работилници и информирање на населението за важноста и  селектирање на отпадот“ .

Покрај невладините организации КИКН И МГА,во акцијата се вклучија и здравствените работници од ПЗУ „Д-р Даскал“ и „ Аптека Росавита“ Новаци,Општина Новаци и Советот на Општина Новаци.

„Се надеваме дека ваквите заеднички акции ќе се реализираат и понатаму,ваквото концентрирање на виталниот дел од заедницата за заедничко остварување на целта за почиста ,поздрава и поубава околина е од голема важност.“ изјави градоначалникот Лазар Котевски.

Осознавањето на човекот за изразување на неговиот определен однос кон животната средина кон нејзини повисоки стандарди и помасовната едукација за одржување на чиста животна средина треба да биде еден основен принцип на секој граѓанин,не само во ваквите акции туку и во неговото секојдневие„изјави Елизабета Јончиќ претседател на Културно иновативниот клуб Новаци.

Во акцијата беа исчистени комплексот Иготека „Бамби“-ПЗУ„Д-р Даскал“,дел од детските паркови, улиците и тротоарите,Младинскиот работен центар со работните простории,и дворот на Општина Новаци.Освен чистењето засадени беа и зелени садници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php