«

»

Feb 26

ЛУПД и Стратегиска оцена за изградба на ловен дом со пратечки содржини во с. Будимирци

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Во просториите на општина Новаци денеска се организираше јавен увид и расправа за Нацрт Извештајот за стратегиска оцена за влијанието врз животната средина по нацрт извештај за статегиска оцена на ЛУПД за изградба на ловен дом со пратечки содржини на дел  од КП бр.1372,1750 и 2109 во КО Будимирци.

Ловниот дом со пропратни содржини ќе се гради на ловиштето бр. 4 „Ниџе“ с.Будимирци, општина Новаци со вкупна површина на планскиот опфат од 3 хектари. Заинтересираниот инвеститор има склучено договор за концесија бр.51-4483/1 од 27.07.2010 година со Влада на РМ.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Извештајот за стратегиска оцена за влијанието врз животната средина ќе биде изложен во општина Новаци – Одделение за комунални дејности, сообраќај, урбанизам , заштита на животната средина и локален економски развој секој работен ден од 08 до 15 часот во периодот од 11.02. до 11.03.2016 година. Исто така дополнителни информации и увид на документот може да се направи и по електронски пат со посета на веб страната на општината www.opstinanovaci.gov.mk.

Сите заинтересирани, правни и физички лица, во текот на 30 дена можат да достават мислења во врска со Извештајот за стратегиска оцена за влијанието врз животната средина и тоа во писмена форма до архивата на општина Новаци.

Извештајот за стратегиска оцена за влијанието врз животната средина се прави со цел да се анализираат влијанијата, превенција и идентификување на можните проблеми, рационализација на трошоците и оптимален избор на мерките за заштита на животната средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

css.php